14 Декември, 2025
0.0463

Имотот на новите пратеници: Крмов има само стан, Коциќ со „непроценлива“ ординација, Сајкоски со богати родители

Објавено во: Економија 11 Септември, 2020 07:00

Добивај вести на Viber

Борислав Крмов, вториот пратеник од Левица во македонското Собрание покрај партискиот лидер Димитар Апасиев, во Анкетниот лист како сопственост единствено пријавил стан во Штип од 65 метри квадратни купен во 2015 а со вредност од два милиони денари. За Апасиев се уште не е објавена личната имотната состојба и онаа на неговите најблиски.

Иако нецелосно, веќе Државната комисија за спречување на корупција започна со објавувањето на имотната состојба која ја пријавуваат народните избраници, а кај дел од нив за прв пат бидејќи никогаш претходно не биле државни функционери.

Лазе Таневски, новиот пратеник на СДСМ, кој доаѓа од бизнис-фелата, заедно со својот брачен другар поседуваат пет стана, од кои три во Охрид и два во Скопје, со вкупна вредност од 15,3 милиони денари. Бизнисменот има земјоделско земјиште од 14 милиони денари во охридско Арбиново од 2015 стекнато со наследство. Докторот Ненад Коциќ од СДСМ е љубител на солидни марки на автомобили - има тојота корола од милион денари и шевролет авео од 550.000 денари. Ја пријавил како имот и специјалистичката ординација по интерна медицина „Др. Коциќ“, но не пријавил колку вреди. Има и два денарски депозити од 1,2 милиони денари.

Моника Зајкова од ЛДП од личен имот пријавила автомобил поло од 250.000 денари, а има и долгорочен кредит од 3,69 милиони денари, а за одбележување е тоа што пријавила златен накит на нејзините родители од 12,5 илјади евра.

Иванка Василевска, професорката која стана пратеник како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, има два кредита од лани од кои едниот од 1,2 милиони денари и другиот од 50.000 евра. Има два стана во Сопиште со вкупна вредност од 7,5 милиони денари, а кај брачниот другар пријавила три возила од кои мотор Јамаха, Нисан X треил и Цитроен Ц3 - сите во вредност од 2.050.000 денари.

Јован Јаулески, доскорешниот претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, од личен имот пријавил само депозит од 2.500 евра и автомобил голф 5 произведен во 2004, но го купил на старо во 2015 и вреди 200.000 денари.

Силвана Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ, професор на Техничкиот факултет во Битола, како свој личен имот навела само стан од 15.000 евра од 37 метри квадратни во Битола и возило рено клио купено половно со вредност од 300 евра. Марија Петрушевска пријавила четири велосипеди и штедна книшка со 60.000 денари. Здравко Трајанов, докторот по шумарски науки, од заеднички имот има два стана во Скопје од 8 милиони денари. Авторот Ѓорѓија Сајкоски пријавил имот на родители од 46 милиони денари во куќи, деловен простор, градежно земјиште и друго. Бети Стаменкоска навела како личен имот само акции од околу 250.000 денари и кредит од 80.000 денари.

Артина Ќазими, која со 23 години е најмлад пратеник и доаѓа од редовите на коалицијата Алијана за Албанците и Алтернатива, како свој личен имот има куќа и двор во вредност од 19,1 милиони денари во Добридол.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји