14 Декември, 2025
0.0779

ИМОТИ ВРЕДНИ СКОРО 400 МИЛИОНИ ЕВРА ПОД ХИПОТЕКА – Еве што откриваат податоците на Катастар за недвижностите

Објавено во: Финансии 04 Декември, 2023 07:36

Добивај вести на Viber

Продолжува трендот на упис на имоти под хипотека, што е сосема нормално кога станува збор за поголеми и посериозни, чија отплата понекогаш трае со години.  

Последните податоци кои ги објавува Агенцијата за катастар на недвижнини покажуваат дека во третиот кваратл од оваа година под хипотека се ставени скоро 1.800 имоти, со вкупна вредност од 376,6 милиони евра.

-  Во периодот јули - септември 2023 година се запишани товари врз недвижностите во вкупен број од 1.776 и со вкупна вредност од 376.635.093 евра и 1.971.233.665 денари – пишува во последниот квартален извештај на Катастар. 

Во однос на претходниот квартал има благо намалување на бројноста на имотите кои се ставени под хипотека, а секако и на вредноста, бидејќи во вториот квартал вкупната вредност на имотите под хипотека достигнала 455 милиони евра.

-  Во периодот април - јуни 2023 година се запишани товари врз недвижностите во вкупен број од 1.888 и со вкупна вредност од 295.082.329 евра и 2.411.397.850 денари – објавува Катастар.

Од годишните податоци кои ги објавува Агенцијата за катастар на недвижнии и кои се однесуваат на имоти ставени под хипотека бројките упатуваа дека има благ пад на интересот за упис на хипотеки. Имено податоците од Годишниот извештај на Агенцијата покажуваат дека во текот на минатата година се намалил и бројот и вредноста на недвижнини за кои е договорена хипотека.

Во текот на 2022 година во катастарот се запишани хипотеки врз 7.658 недвижнини чија вкупна вредност достигнува 1,55 милијарди евра. 

За споредба во текот на 2021 година под хипотека биле ставени скоро илјади имоти повеќе, или точно 8.386 недвижнини со вкупна вредност од 1,99 милијарди евра. 


П.О.

Можеби ќе ве интересира

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари