06 Декември, 2025
0.0313

Има се, може се! Која хотелска компанија во акции и обврзници вложи 1,3 милиони евра?

Објавено во: Економија 19 Април, 2021 07:20

Добивај вести на Viber

Кога се знае како и се има со што полесно се пребродува корона кризата. „Македонијатурист“ лани вложи во акции и обврзници, а од дивиденди на своите акции наплати 439.000 евра, а од камати на депозитите уште 342.000 евра од камати

„Македонијатурист“ лани вложи 1,29 милиони евра во обврзници и во акции,покажуваат официјалните податоци од паричниот тек на најголемата македонска хотелиерска компанија која е и една од корпорациите пионери во вложувања во хартии од вредност.

Неможноста за деловно работење предизвикана од бројните ограничувања и забрани заради корона кризата врз хотелиерско-угостителскиот бизнис „Македонијатурист“ ја искористи за реновирање на својот најдобар хотел „Холидеј Ин“, но и за вложување на свои финансиски средства и нивно оплодување во корпоративни обврзници (должнички хартии од вредност) како и за вложување во акции (сопственички хартии од вредност).

Во годишниот извештај за работењето во 2020 година, достапен на веб сервисот СЕИ НЕТ на Македонска берза, „Македонијатурист“ потврди дека лани интензивно вложувања кеш во: корпоративната (втора по ред) обврзница на ТТК Банка како и во акции со право на глас од три домашни деловни банки. „Македонијатурист“ лани купила 2.000 акции од „Комерцијална банка“ (просечната годишна цена на таа акција лани изнесува 6.590 денари што значи апроксимативно вложување на 214.300 евра). Хотелиерската компанија вложила и во 518 акции на НЛБ Банка (просечна годишна пазарна цена на таа акција лани била 17.138 денари што значи апроксимативно вложување на 144.300 евра) и во 2.700 акции на ТТК Банка (просечна годишна цена од 1.377 денари што укажува на вложување вредно 60.400 евра). Според просечните пазарни цени „Македонијатурист“ во трите акции на банки лани вложила околу 420.000 евра, а уште 870.000 евра (апроксимативно) пласирала во корпоративната обврзница на ТТК Банка (која дава годишна каматна стапка од 2,7 отсто и рок на доспевање од 6 години).

„Македонијатурист“ е една од предводниците на корпоративниот сектор по вложувања во сопственички, а сега и во должнички хартии од вредност. Билансот на состојба покажуав дека на крај на 2020 година „Македонијатурист“ во хартии од вредност чува 7,26 милиони евра што е за 33 отсто повеќе од 2019 година. Во краткорочни вложувања (читај депозити во банки н.з.) компанијата на Доне Таневски, Соња Бибановска и Григор Копров чува над 15 милиони евра што е за 8 отсто помалку од 2019 година.

Корона кризата најсилно се одрази врз хотелиерско – угостителската индустрија и тука не беше исклучок ниту „Македонијатурист“ која по многу години за прв пат лани заврши со загуба поголема од половина милион евра.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?