ИМА САМО ЕДЕН УСЛОВ: Зеленски ќе прифати да се сретне со Путин
Објавено во: Свет 14 Февруари, 2025 19:09
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е единствениот руски функционер со кој е подготвен да разговара.
Додаде и дека тоа ќе го направи само кога Украина ќе се договори за заеднички план со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери. Говорејќи на конференцијата за безбедност во Минхен, Зеленски рече дека Трамп му го дал својот личен телефонски број и му рекол дека може да му се јави кога сака, пренесува Ројтерс.
„Мировниот договор може да биде само план за ставање крај на војната, за кој прво мора да се разговара и да се поддржи меѓу Украина и американскиот претседател. Улогата на безбедносните гаранции е исто така важна. На крајот на краиштата, ние зборуваме за безбедносни гаранции како главна точка во документот за завршување или прекинување на војната за Украина и за цела Европа“, изјави Зеленски, пренесува Укринформ.
Според него, Украина е веќе дел од Европа и ќе биде рамноправен дел од ЕУ.
„Во моментов, тоа сè уште е на маса“, рече Џон Коал, заменик-претставник на претседателот Доналд Трамп за Украина, на прашањето дали САД ја отфрлиле можноста за членство на Украина во НАТО.
Говорејќи во интервју за Ројтерс во Минхен, тој додаде дека можното враќање на границите на Украина пред 2014 година, исто така, сè уште е на маса.
Во средата, американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет испрати поинаква порака, велејќи им на воените сојузници на Украина во Брисел дека враќањето на границите на Украина од пред 2014 година е нереално и дека САД не го гледаат членството во НАТО за Киев како дел од решението за крај на речиси тригодишната војна во Украина.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
foto EPA-EFE/MICHAEL BUHOLZER
Можеби ќе ве интересира
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела




