09 Мај, 2024
0.0257

Има ли реална закана за поскапување на лебот?

Објавено во: Економија 24 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Постои закана од зголемување на цената на лебот и пекарските производи која не треба да се потцени бидејќи по слабиот род годинава и намалените количини на пченица од домашно производоство мелничарите и пекарите повеќе ќе зависат од увозот. од Групацијата на мелничари при Стопанската комора на Македонија, велат дека ако дојде момент лебот да се прави со увезена пченица можно е и зголемување на цената.

„Македонија е пазарно стопанство и ние функционираме пазарно автоматски зголемување на цена на пченицата значи и зголемување на цената на брашното, а реално можно и цената на лебот да се зголеми. Но, во некое догледно време. До сега има некое зголемување на цената на пченицата за 12 – отсто споредено со лани, но ценатана лебот се држи иста и тоа е заради залихити кои ги има кај трговците и произведувачите.“ – изјави Горан Милишиќ – претседател на мелничко – пекарска групација за Алсат-М.

Од Министерството за земјоделство смируваат и убедуваат елат дека цената нема да се зголеми.

„Според досегашните анализи не се очекува дестабилизација на пазарот на пченица, ниту поскапување на пекарските производи. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство внимателно ја следи состојбата на терен и нема да дозволи загрозување на домашното производство на пченица“. – соопштуваат од Министерство за земјоделство

Годинешната жетва е многу послаба и потреби за пченица ќе мора да се покријат со увоз што може да ги зголеми цените. За да не се доведува државата во неповолна состојба мора да се промени на начинот на субвенции со цел да се постигнат подобри резултати на подолго рок.

„Субвенционирањето да биде преку предаден килограм, во преработувачки или лиценциран откупувач. На тој начин ќе се принудат сите земјоделци да ја предаваат пченицата само кај овие откупувачи, што од друга страна ќе се овозможи класифицирање на пченицата по квалитет. А и субвенциите да бидат според квалитетот на пченицата.“ – вели Милишиќ

На овој начин освен што ќе се натераат земјоделците да произведуваат квалитено лебно зрно, ќе се мотивираат да ги зголемуваат површините засеани со пченица. Заради ниската откупна цена од 11 денари по килограм, голем дел од земјоделците престанаа да садат жито.


Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?