06 Мај, 2024
0.0247

Има ли причини за славење за Коридорот 8?

Објавено во: Економија 28 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Пруга кон Софија, автопат до Тирана и поврзување со пристаништето во Драч. Ова се ветувања кои ги дал речиси секој македонски политичар во изминатите 30 години. Коридорот 8 се тврдеше дека е главен приоритет, а автопат Кичево-Охрид се гради до недоглед со неколку анекси и вредност која достигна речиси една милијарда евра трошоци.

Колку Владата ќе троши на патна и железничка инфраструктура?

Според буџетските проекции за 2022 година се предвидени речиси 100 милиони евра за изградба на патишта претежно на Коридорот 8, со помали зафати на оската Север-Југ, како и над 40 милиони евра за изградба на железничка пруга и инфраструктура.

Приоритет ќе бидат делницата: Тетово -Гостивар со проширување и изградба на нов автопат. Ќе се гради и новиот автопат Требеништа – Струга – Ќафасан, а планирана е изградба и на делница Гостивар-Букојчани и Букојчани-Кичево.

Во делот на патната инфраструктура со кредитни средства предвидено е изградба на автопатска делница Скопје-Блаце, изградба на автопатска делница Кичево-Букојчани, регионален пат Извор – Бошков Мост, подобрување на патната инфраструктура на општините во Република Северна Македонија преку Проектот за локални патишта, финансирање на патниот коридор 8 преку делницата Куманово-Ранковце, Ранковце Крива Паланка, Крива Паланка до границата со Бугарија, финансирање на делницата Кичево-Охрид, Штип-Радовиш.

Во делот на железничката инфраструктура, планирано е финансирањето на трите фази од изградба и рехабилитација на источниот дел од железничката пруга - Коридор 8 делот кон Бугарија, за што за втората и третата фаза се обезбедени 130 милиони евра грант средства од ЕУ.

Треба да започне Проектот изградба на железничка пруга Кичево - граница со Албанија, како и рехабилитација на делницата Куманово - Дељадровце.

Во текот на 2022 година предвидени се средства за продолжување на реализацијата на првата и втората фаза од проектот за изградба и рехабилитација на источниот дел од железничката пруга - Коридор 8 делница Куманово - Бељаковце - Крива Паланка, финансирана од ЕБОР.

Покрај со заем од ЕБОР и со грант средства од инструментот Инвестициска рамка за Западен Балкан, во рамките на проектот предвидени се активности за подобрување на технички карактеристики на пругата, изградба и рехабилитација на мостови, железнички станици, стојалишта, подвозници и надвозници.

Во наредните три години ќе се потрошат над половина милијарда евра за патна и железничка инфраструктура, пари од домашни извори од буџетот, но и од задолжување и кредити.


И ДУИ да се пофали со економски проект?

Сериозноста кон инфраструктурата на Коридорот 8 ја демонстрира претежно ДУИ. Лидерот Ахмети 63 роденден го прослави со торта со автомобили и автопат, симболизирајќи ја неговата посветеност на поврзувањето Исток-Запад кое ветува дека ќе се заврши до 2024 година.

Артан Груби неговата десна рака пак, потенцираше дека низ Коридорот 8 ќе има јазична еднаквост на знаците, што ја покажува значајноста на овие заложби пред албанскиот електорат, особено што дел од коридорот минува низ западниот дел на државата и треба да обезбеди подобро поврзување со Албанија.

Ако ДУИ е позната по „националните проекти за Албанците”, без реализација на Коридорот 8 нема да може со што да се истакне овие 20 година на власт пред гласачите со проекти кој суштински ја подобруваат нивната економска положба, го зајакнуваат регионалниот раст и овозможуваат бизнис експанзија.

Договор со Бугарија ново гориво за Коридорот 8?

Новиот премиер Ковачевски кој треба да постигне договор со Бугарија за одблокирање на Македонија во Европската Унија исто така ја потенцира посветеноста на Коридорот 8.

По двете средби на Ковачевски и Петков, економската соработка е истакната како приоритет меѓу двете земји и завршување на инфраструктурата која е ветувана со децении, а секогаш ставана во втор план.

„Се договоривме заедничката работна група во чија надлежност е патната инфраструктура, високо на својата агенда да го врати Коридорот 8 меѓу врвните приоритети на Европската Унија. На тој начин очекуваме поголема поддршка за целосна реализација и на патната и на железничката инфраструктура“, изјави Ковачевски.

Дефокусот од историските и идентитетските прашања треба да донесе нова динамика во преговорите со Бугарија, особено што источниот сосед треба да се посвети на делот од инфраструктурното поврзување од неговата страна на границата.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?