27 Април, 2024
0.0263

Има ли милионери во Кратово?

Објавено во: Економија 06 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Градот чиј синоним во неговата понова историја е РИК „Силекс“ и неговиот долгогодишен директор и мнозински сопственик Љубисав Иванов Ѕинго, последниве години опстојува во скромен економски амбиент. Кратовската економија има само три генератори кои во 2018 година успеале да создадат приходи кои надминуваат еден милион евра. При тоа само една од тие три фирми кои се сопственост на РИК „Силекс“ остварила добивка, а другите две работеле со загуба

Можеби не е највисокиот град на Балканот иако е веднаш до него, но има долга, богата и славна традиција и историја. Кратово, заборавената мала градска населба распослана на вулкански карпи на кои расте лозје од кое се прави уникатно вино, град запашан со букова и борова шума. Градот на златари со вековна традиција, градот на камените мостови и турските стражарски кули. Кратово, градот во кој е роден големиот светител Ѓорги Кратовски кој многу млад, но непокорен избрал да умре попрво отколку да ја промени својата христијанска вера. Кратово е град на првиот македонски министер за правосудство, легендарниот гемиџија, еден од основоположниците на независната македонска држава – Павел Шатев, великанот што го преживеа заточеништвото во Фезан во најзафрлената пустина во Либија, човекот кого не го покорија ниту српската и бугарската чизма, но му пресудија своите во неговата независна Македонија во која поживеа само четири години. Градот на уникатниот травертин камен, на прочуените пастрмајлии и неколку вековните борови кои сведочат за многу изминати години. И конечно градот што триесетина години живее во сенката на семејството предводено од Љубисав Иванов – Ѕинго можеби и најмоќниот, а сигурно најдолговечен магнат на македонската транзиција. И секако Кратово – градот на едиствениот македонски фудбалски прволигаш „Силекс“ кој е единствен клуб што од 1992 година досега , од независноста на Македонија, игра во Првата фудбалска лига,а три пати ја освојувал и титулата првак на Македонија.

Кратово бил град на силна индусрија генерирана од РИК Силекс. Сега Кратово е град во кој има само три компании кои имаат приходи повисоки од 1 милион евра.

Кои се тие?

Силпен СТ е најголемата кратовска фирма. Оваа компанија произведува хемиски производи поточно го произведува познатиот кратовски сунѓер. Оваа компанија во 2018 година остварила приход од 6 милиони евра, а годината ја завршила со добивка од 7.200 евра. Оваа компанија е сопственост на РИК Силекс.

Следна на листата е повторно фирма на РИК Силекс. Станува збор на Силекс Неметали. Нејзиниот приход во 2018 година бил 1,26 милиони евра,а загубата од работењето изнесува 172.000 евра. Фирмата е регистрирана за изградба на нискоградни.

И третата фирма која остварила приход поголем од еден милион евра, погодувате припаѓа на РИК Силекс. Тоа е малиот, но импозантен хотел кој е украс на градот станува збор за Хотел Силекс. Ова друштво лани остварило приход од 1,1 милиони евра, но годината ја завршило со загуба од работењето во износ од 79.000 евра. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба