17 Декември, 2025
0.3689

Има ли мали трикови со кои можеме да заштедиме во време на инфлација?

Објавено во: Економија 16 Август, 2022 07:26

Добивај вести на Viber

Купување производи на акција, пазарење онаму каде е поевтино, уплаќање на месечни билети за патување наместо дневни, набавка на облека кога завршува сезоната и кога има попусти, се само дел од навиките кои можат да помогнат граѓаните да заштедат во време на инфлација.

Бидејќи се соочуваме со поскапувања, граѓаните велат дека се крајно внимателни со парите. Водат едвиденција каде и колку трошат. Особено дисциплинирани се пензионерите, кои практикуваат да одат од маркет до маркет, со цел да го купат бараниот производ таму каде цената е најповолна.  Сите се свесни дека нè чека тешка зима.

Не може да се истера месецот. Гледам каде е поевтино. Перам на евтина струја. Ќе се греам на дрва зимава затоа што гледам  ем да готвам ем да се згреам. За едно семејство се потребни 40.000 денари, а ако имаат и деца, ќе им требаат повеќе пари“, вели Зорица П, граѓанка.

Повозрасните објаснуваат дека за да заштедат помалку патуваат и поретко купуваат облека.

„На гардероба може да се штеди, на храна не. Кога купуваме во маркет, гледаме цена, но и квалитет, да има некој баланс. За греење, ќе штедиме, така што ако порано сме загревале три простории, сега ќе загреваме една. На одмори и патувања може да се заштеди“, рече Крунислав Алексовски, пензионер.

Но, сите велат дека живеењето со постојано калкулирање на трошоците е навистина тешко.

„На облека може да се заштеди. Јас не се жалам, пензионерите пак некако ќе поминат, но има луѓе што немаат примања и нив ќе им биде потешко“, рече Михајло Марковски, граѓанин.

Проф. д-р Шекеринка Ивановска, декан на Факултетот за економија, при Меѓународен Славјански Универзитет вели дека во вакви времиња, домаќинствата треба рационално да трошат.

Таа додава дека во оваа 2022 година, целиот свет се соочува со потребата од штедење и изнаоѓање начини како едно семејство да ги намали трошоците на домашниот буџет. Објаснува дека за оваа цел се препорачуваат различни видови на совети, од  намалување на трошоците за месечните сметки и сведување на купувањата на најнеопходното.

„Постојат веќе различни мобилни апликации за буџетирање на трошоците и нивно следење на дневно и месечно ниво. Една поговорка вели:  не е важно колку заработувате, но,  за што и како ги трошите парите. Прв чекор  се смета  одлуката  и подготвеноста на целото семејство за помалку трошење. Тоа е т.н. период  на ниско купување. Да се направи план за месечните трошења  врз основа на искуството на семејството од претходните месеци. Поставување граница и правење на листа на шопинг производи.  Избегнување да се купуваат производи кои не се ставени на шопинг листата. Следење на рекламите на попусти и купување на поголеми пакувања кои секогаш се поевтини по единица производ. Откажување  на некои  месечни претплати  за кои се смета дека не се неопходни. Некои работи семејството да се потруди да ги направи само, наместо да ги купи. Да се намали бројот  на  одење во кафулиња и ресторани“, рече Ивановска.

Македонија забележан инфлација од 16 отсто. Но, истиот тренд не ја одмина ни Европа, ни светот. Европските народи исто така се мачат со инфлацијата, а Американците пак одат во Мексико за да купат поевтини производи.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/Racool_studio

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар