Има ли цена инаетот на приоритетните акционери во скопска Стопанска банка? И годинава „се омрсија“ со дивиденда од 5 денари за акција!
Објавено во: Економија 06 Јуни, 2024 07:33
Зошто сопствениците на приоритетните акции во „Стопанска банка Скопје“ бираат дивиденда од 5 денари иако можат да добијат и десет пати повеќе од тоа секоја година? На ова прашање никој не може да го даде точниот одговор. Времето покажува дека нивните желби и аспирации немаат реална основа и на среден рок се покажаа неостварливи. Но и покрај тоа што секоја година од нерешавањето на ова прашање губат сите акционери на „Стопанска банка Скопје„
Уште една промашена година на контото на сопствениците на приоритетни кумулативни акции во „Стопанска банка“ Скопје. И годинава за секоја нивна акција добија 5,4 денари дивиденда, согласно со статутот и интерните акти на банката.
Ова е најниската дивиденда што акционери ја добиваат во триесет годишната корпоративна историја на нашиот пазар на капитал. И тој износ овие акционери го добиваат веќе трета година по ред. Затоа што не можат да смогнат сили и да направат компромис од кој токму тие ќе имаат најголема корист.
Битката што ја водат група сопственици на приоритетни акции во „Стопанска банка Скопје“ инвеститорската заедница ја именува по епската битка со ветерници на јунакот Дон Кихот. Затоа што правната битка што ја водат неколку години наназад упорно им носи дивиденден принос од 5 до 6 денари по акција.
За жал, тие на последното акционерско собрание лани не успеаја да направат кворум и да прифатат предлог за конверзија на нивните приоритетни акции во обични со сооднос 1:1. Сопствениците на приоритетните бараа конверзија при која за секоја приоритетна акција следуваат две обични акции. Дупла штета е токму тоа што го губат и кумулитетот затоа што банката редовно секоја година им исплаќа пропишан износ...
Заради тоа и годинава „Стопанска банка Скопје„ согласно статут ќе им исплати нешто над 22.000 евра во бруто износ на сопствениците на повеќе од 227.000 акции кои имаат право на приоритет односно секоја година добиваат дивиденда по утврден износ ако мнозинскиот акционер одлучи добивката да не ја насочи во дивиденда. Во таков случај сопствениците на приоритетните акции имаат право на дивиденда, но нејзиниот износ е симболичен.
Колку акционери се директно засегнати?
Станува збор за повеќе од 3.600 акционери од кои дури 3.610 се домашни физички лица. Тие поседуваат 98 отсто од приоритетните кумулативни акции. Меѓу нив најголем акционер е Ѓорги Јованов кој поседува 8,84 отсто од сите приоритетни акции, а Станко Игнатов има 6,2 отсто приоритетни акции. Другите 3.608 домашни физички лица поседуваат над 193.000 приоритетни акции. И веќе три години наназад сите губат дивиденден принос. Зошто? Затоа што времето покажува дека преку леб сакаат погача.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка




