„ИМА ФИРМИ ШТО ИМААТ И НАД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА ОБРТ САМО ЗА ПИАР“: новиот поткаст „Бизнис Муабети“ на Фактор со сопственичката на една од водечките ПР агенции, Лопарски
Објавено во: Економија 10 Јули, 2024
Татјана Лопарски, сопственичка и извршна директорка на една од водечките ПР агенции во Македонија – Елемент ПР, ексклузивно во „Бизнис муабети“ на Фактор, открива колку пари се вртат во фирмите кои работат пиар.
Целиот разговор со Лопарски вообичаено го емитуваме во петок, почитувани читатели.
На прашањето на нашиот новинар Мишко Иванов, колку пари се вртат во овој бизнис, Лопарски најпрво вели дека не знае, но потоа, кога Иванов ја прашува генерално во бизнисот колку пари се печалат само од ПР вели дека има фирми во ПР бизнисот што имаат и над два милиони евра обрт, односно само за ПР услуги.
За фактот што генерално во земјава се ангажираат странски компании, Иванов ја прашува дали и е криво што странци им ги земаат парите, таа вели дека не и дава објаснување зошто е тоа така.
„Странците имаат една маана. Кога работите кампања мора да имате локалец кој многу добро го познава теренот. Не секоја држава реагира исто, сите луѓе не реагираат исто, различно реагираат во Србија или во Словенија, а различно во Македонија. Ниту бројките и силите колку и да гледате анкети, ако не го знаете менталитетот, вистинските проблеми, а не можете да ги дознаете за два три месеци, не можете да направите добра стратегија и тука е грешката“, вели таа.