Илјадници граѓани со години се на биро и чекаат вработување
Објавено во: Економија 07 Јуни, 2021 07:18
Илјадници македонски граѓани со години чекаат вработување. Состојбата заклучно со крајот на април оваа година, покажува дека 6.964 луѓе, 8 и повеќе години се без работа, од кои 2.555 се жени. 15.876 луѓе чекаат вработување од 5 до 7 години, а од нив 5.385 се жени. Понатаму, 4.405 граѓани чекаат вработување 4 години, при што 1.822 се жени, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување.
Граѓаните кои долго време се без работа и се неактивни, се неконкурентни на пазарот на труд. Донка Спасовска од агенцијата за посредување при вработување „Хоризонт“ вели дека дел од невработените луѓе најверојатно работат на „црно“, но според неа, во земјава потешкотија за вработување имаат луѓето на возраст од 45 до 55 години. За нив има малку слободни работни места, затоа што се бара помлад кадар.
„Иако поседуваат знаење и искуство, луѓето кои се на возраст од 45 до 55 години, се во најкритична група и тешко доаѓаат до вработување, затоа што фирмите обично бараат луѓе до 45 години“, рече Спасовска.
Социологот Татјана Филиповска објаснува дека во нашето општество е присутна „културата на зависност“, така што многу граѓани не сакаат да работат за мали плати, туку или одлучуваат да примаат социјална помош, и да работат паралелно за дневница на „црно“, или пак ги издржува некој друг додека да најдат работа.
„Платите знаеме дека се минимални, и луѓето не сакаат за малку пари да работат во фабрика. Земаат социјална помош, живеат на грбот на државата или на грбот на некој друг. Таа „култура на зависност“ кај нас е посебно изразена“, додава таа.
Луѓе кои со години чекаат вработување има во сите македонски градови.
„Во Демир Хисар нема работа, и многу е тешко за работа и за младите и за постарите. Така е со години откако паметам. Дел од граѓаните одат на работа во фабриките во Битола. Јас сум со завршено високо образование, а работам во трговија“, коментира жителка на Демир Хисар.
Податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека 8 и повеќе години вработување чекаат по 85 луѓе во Берово и Кратово, 367 во Битола, по 13 во Валандово и Виница, 70 во Велес, 47 во Гевгелија, 335 во Гостивар, 182 во Дебар, 97 во Делчево, 169 во Демир Хисар, 63 во Кавадарци, 294 во Кичево, 599 во Скопје, 482 во Куманово. Тетово 1.540 граѓани кои над 8 години чекаат вработување, а Штип 81, додека во Струмица има 133.
Сања Атанасовскаfoto freepik
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното





