07 Мај, 2024
0.0231

Илија Гечев купи акции во „Макошпед“, на шпедицијата и тргна!

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Оперативната добивка пораснала за 2 отсто и изнесува 64.500 евра, во услови кога приходите од продажба се намалени за 15 отсто. Нето добивката расте пред се благодарејќи на дивидендата од 233.000 евра. Дел од нив „Макошпед“ доби како најголем поединечен акционер на „Фершпед“, а дел од други извори кои не се наведени во образложението кон извештајот

Малата скопска шпедиција „Макошпед“ за првите девет месеци оствари добивка од 262.000 евра што е финансиски резултат за 62 отсто подобар од лани. Резултатот е остварен во услови на намалени приходи од продажба и намалени оперативни расходи. Клучен генератор што ја зголеми добивката на компанијата се приходите од дивиденда во износ од 233.000 евра. Дел од нив , околу 65.000 евра се од дивидендата од „Фершпед“ – најголемата домашна шпедиција во која „Макошпед“ е најголем поединечен акционер. Во билансот за паричниот тек на „Макошпед“ за првите шест месеци е наведено дека компанијата од приливи од дивидени има приход од 233.000 евра.

За првите девет месеци „Макошпед“ има 767.000 евра приходи од продажба и се е од домашен пазар. Во споредба со истиот период лани приходите од продажба се пониски за 15 отсто. Соодветно на тоа намалени се и оперативните расходи на компанијата. Тие изнесуваат 727.000 евра и во споредба со лани се пониски за 14 отсто. Оперативната добивка е 64.500 евра и во споредба со првите девет месеци од 2018 година е поголема за 2 отсто.

Финансиските приходи годинава на „Макошпед“ му носат 233.000 евра. Тие се за 114.000 евра поголеми од истиот период лани што е за 96 отсто повеќе од лани.

Нето добивката на „Макошпед“ за првите девет месеци изнесува 262.000 и е за 62 отсто поголема од истиот период лани.

Најзначајна промена во акционерската структура на „Макошпед“ годинава е тоа што во февруари годинава ИГМ Кавадарци, позната извозна компанија – сопственост на Илија Гечев.

„ИГМ Трејд“ од Кавадарци, една од најголемите извозно ориентирани домашни компании, вложи 413.000 евра и купи 16,6 отсто од акциите со право на глас во шпедицијата „Макошпед“. Оваа информација ја потврди и „Макошпед“ согласно со правилата на Македонската берза. Продавач на акциите во „Макошпед“ е скопската компанија „Ултимус“ која повеќе не е акционер во структурата на шпедитерската компанија и по долги години ги продаде своите акции на кавадаречки „ИГМ Трејд“. За тоа колку голема компанија е ИГМ Трејд од Кавадарци доволно говорат бројките. Неговиот приход лани е 131,2 милиони евра, а нето добивката е 12 милиони евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот