13 Мај, 2024
0.0280

Илија Димовски со писмо: ВМРО-ДПМНЕ оди во погрешен правец

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Пратеникот Илија Димовски преку писмо во јавноста го искритикува актуелното раководење на ВМРО-ДПМНЕ и истакна дека опозициската партија оди во погрешен правец.

Изјавата ја пренесуваме интегрално:

„Останувам на мојот принципиелен став за тоа дека договорот од Преспа има штетна содржина во себе, дека власта погрешно го водеше целиот процес и дека не смееше да биде исклучива спрема опозицијата од самиот почеток.

Останувам и на ставот дека јас како пратеник немам право и легитимитет да гласам за промените во Уставот. Како што постапив во првата фаза, така ќе постапувам и во иднина. Но, останувам и на мојот добро познат став дека ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време, и пред и после валандовскиот Конгрес, се води во погрешен правец, што се гледа низ неостварените политички цели на партијата.

За жал, сега веќе е видливо, дека партијата се движи кон изолација, и спрема надвор, и спрема сите други политички фактори во државата, но и спрема сите свои членови кои за едни, други или трети теми имаат различно мислење од претходното и од сегашното раководство. ВМРО-ДПМНЕ сама се доведе во ситуација да го изгуби капацитетот да влијае на било кој сериозен политички процес во земјата и државните одлуки повеќе, за жал, не зависат во ништо од ставот на мојата партијата.

Партијата веќе подолго време не успева да оствари ниту една од своите политики и заложби токму заради оваа изолација. Така и нашите поддржувачи губат верба дека било што и да е став и заложба на ВМРО-ДПМНЕ тоа некогаш може да стане реалност и да се ефектуира. Штета е и што внатрешно во себе, наместо да се шири, развива и расте, да прибира повеќе луѓе и идеи околу себе, партијата континуирано се занимава со бркање т.н. предавници, непријатели и нелојални членови.

Се додека не се воведе принципот на почит и поддршка за различно мислење од официјалниот став на партијата по однос на политиките, ВМРО-ДПМНЕ нема да успее да напредува. Во тој контекст размислувам и дека нападите, разрешувањата и исклучувањето на луѓе во последниот период се избрзани и резултат на некорисни емоции и сериозен афект од состојбата. ВМРО-ДПМНЕ растела секогаш кога прибирала луѓе околу себе. Сакам да подвлечам дека нема да учествувам во ниту една нова фингирана битка, игра и пресметка во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи почнувајќи со Конгресот во Валандово па се до ден денес сите се такви, фингирани.

На ВМРО-ДПМНЕ во овој момент му требаат неколку работи. Прво и неодложно мора да се направи темелна, а не козметичка реформа на партискиот Статут, со целосна демократизација на процесот на носење на политички одлуки, но и целосна демократизација на процесот на избор на партиските тела и органи почнувајќи од местните комитети па се до највисоките органи. Второ и суштинско е да се напушти принципот дека партијата мора да се води по правилото за градење на култ на личност. Трето, ВМРО- ДПМНЕ има обврска да направи дисконтинуитет со грешките од минатото. И четврто, партијата мора да научи да гради нови мостови наместо да ги крши и оние кои до сега го има. Овие чекори се единствен начин како партијата може да дојде повторно на сериозно ниво да влијае на политиките во државата, а и еден ден да се надева дека ќе се врати на одговорноста да ја предводи Македонија“, пишува пратеникот Илија Димовски.


Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИЈА МНР И БУЈАР ОСМАНИ: Избраните функционери да внимаваат, земјава продолжува да ги почитува Уставот и стратешките договори

СЕ ОГЛАСИЈА МНР И БУЈАР ОСМАНИ: Избраните функционери да внимаваат, земјава продолжува да ги почитува Уставот и стратешките договори

Мицотакис: Силјановска Давкова го прекрши договорот од Преспа

Мицотакис: Силјановска Давкова го прекрши договорот од Преспа

ПРАВНИКОТ ЗНАЕ ДЕКА ПРЕЗЕМАЊЕТО ДОЛЖНОСТ ВО НЕПОСТОЕЧКА ДРЖАВА „МАКЕДОНИЈА“ ЗНАЧИ „ПРЕЗЕМАЊЕ“ НА НЕПОСТОЕЧКА ДОЛЖНОСТ: Се огласи и Величковски

ПРАВНИКОТ ЗНАЕ ДЕКА ПРЕЗЕМАЊЕТО ДОЛЖНОСТ ВО НЕПОСТОЕЧКА ДРЖАВА „МАКЕДОНИЈА“ ЗНАЧИ „ПРЕЗЕМАЊЕ“ НА НЕПОСТОЕЧКА ДОЛЖНОСТ: Се огласи и Величковски

ДАВКОВА ДОБРО ЈА „ПРОТРЕСЕ“ ЈАВНОСТА: За „Македонија“ пристигнаа лавина реакции, еве кој се реагираше

ДАВКОВА ДОБРО ЈА „ПРОТРЕСЕ“ ЈАВНОСТА: За „Македонија“ пристигнаа лавина реакции, еве кој се реагираше

КАРАКАМИШЕВА ГО ОБЈАВИ ЧЛЕНОТ ОД КАДЕ ДАВКОВА ЈА ЧИТАШЕ ЗАКЛЕТВАТА: Таму нема Северна?

КАРАКАМИШЕВА ГО ОБЈАВИ ЧЛЕНОТ ОД КАДЕ ДАВКОВА ЈА ЧИТАШЕ ЗАКЛЕТВАТА: Таму нема Северна?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПРОФЕСОРКАТА АСТЕРУД ЗА ЗАКЛЕТВАТА ВО КОЈА ДАВКОВА КОРИСТЕШЕ МАКЕДОНИЈА: “Да бев на нејзино место ќе изговорев како што е, таа сакаше да стави мевлем на раната„

ПРОФЕСОРКАТА АСТЕРУД ЗА ЗАКЛЕТВАТА ВО КОЈА ДАВКОВА КОРИСТЕШЕ МАКЕДОНИЈА: “Да бев на нејзино место ќе изговорев како што е, таа сакаше да стави мевлем на раната„

ВАНКОВСКА РЕАГИРАШЕ ЗОШТО ДАВКОВА ГО СЛАВЕЛА РОДЕНДЕНОТ СО АГЕЛЕР: Јас порадо би славела сама, таа со „кумата“ си водела женски муабет

ВАНКОВСКА РЕАГИРАШЕ ЗОШТО ДАВКОВА ГО СЛАВЕЛА РОДЕНДЕНОТ СО АГЕЛЕР: Јас порадо би славела сама, таа со „кумата“ си водела женски муабет

„ЛА НИЊА“ ДОБИВА НА СИЛА: „Да бидеме подготвени на сѐ“, вели Попоски

„ЛА НИЊА“ ДОБИВА НА СИЛА: „Да бидеме подготвени на сѐ“, вели Попоски