ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ ГО ДОНЕСЕ ПЕХАРОТ ВО ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА
Објавено во: Мои пари 28 Ноември, 2023 11:18
Бренд амбасадорот на Видеолотарија Касинос Австрија, Игор Стефановски Иџе испиша спортска историја за Македонија, освојувајќи ја третата европска титула во својата кариерата на Европскиот шампионат на ридски патеки (ЕHC). Со тимот на Виделотарија го сподели пехарот од последниот шампионат, заблагодарувајќи се за безрезервната поддршка.
Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе годинава третпат стана Европски првак во автомобилизам, а пехарот гордо го претстави со тимот кој веруваше во неговиот потенцијал, цели девет години. Стефановски беше европски првак во оваа конкуренција и во 2014 и 2015 година.
Видеолотарија Касинос Австрија скоро од почетокот на своето постоење, секоја година без исклучок го поддржува автомобилскиот ас во неговите шампионски амбиции.

„Благодарен сум на поддршката на Видеолотарија Касинос Австрија, која со години го препознава и поддржува мојот потенцијал. Мојот успех се должи и на нивната безрезервна поддршка“, изјави Стефаноски.
Светската автомобилистичка федерација им ги додели наградите на најуспешните возачи во своите категории во ридско-брзински патеки на почетокот од месецов на церемонија во организација на ФИА. Иџе ја освои европската титула во „Групата 3“ во ридско-брзинските патеки. Наградите се доделија во португалскиот град Брага.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




