Ибрахими објасни дека ставот за Асоцијација на албански општини е негов личен, а не на партијата
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2023 21:01
Ставот за Асоцијација на албански општини е мој личен, не на партијата, вели генералниот секретар на Алтернатива Зеќирија Ибрахими, за ТВ21.
„За поддршката на Претседателот на партијата за ова прашање ќе треба да го прашате него лично. Ставот за Асоцијација на албански Општини е мој личен, не на органите на партијата. Меѓутоа, јас сум генерален секретар на Алтернатива и не сум само поединец во партија. Но, за да бидеме прецизни, немало некој состанок во партија за овој став, кој е само мој политички став, потикнат од моите политички и интелектуални yбедувања.“, рече Ибрахими.
Инаку, премиерот Димитар Ковачевски рече дека овој предлог е неевропски и несериозен.
Со барањето за „Заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени, вели министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов.
Тој рече дека барањето на партијата Алтернатива за „поврзување на албанските општини“ е обид за ловење политички поени и повика да внимаваат со таквите изјави.Инаку, на Косово, Србија и Западот бараат да се формира Заедницата на српски општини.
фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




