17 Декември, 2025
0.0719

Иако економијата ја дрмаат кризи, градежниот сектор успешно гради - растат и одобренија и вредноста на објектите

Објавено во: Економија 26 Јули, 2022 07:18

Добивај вести на Viber

Пандемијата и кризите кои ја следат не претставуваат сериозна кочница за градежниот сектор во земјва, кој според официјалните бројки и понатаму регистрира раст, како кај бројноста на градбите, така и кај нивната вредност. 

Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека во последниве три години, со исклучок на тековната 2022 година, градежништвото континуирано „гради“. 

За споредба, ако во 2019 година биле издадени скоро три илјади одобренија за градба, минатата година бројот на одобренија надминува 4.000. 

Од ДЗС посочуваат дека во вкупната вредност на извршените градежни работи на објектите во јавниот сектор, градени од деловни субјекти, најголемо учество имаат објектите од транспортната инфраструктура (19,9 отсто во 2011 година, 46,2 проценти во 2016 година и 43,6 отсто во 2021 година), потоа следи групата градежни работи на реконструкција, санација, адаптација, големи поправки и редовно одржување (21,8 проценти во 2011 година, 20,3 отсто во 2016 година и 23,3 проценти во 2021 година). 

По нив се нестанбени згради (27,8 отсто во 2011 година, 12 проценти во 2016 година и 5,6 отсто во 2021 година) итн. 

- Во годините 2011, 2016 и 2021, најмногу биле градени трисобни станови и нивното учество во вкупно изградените станови се движи од 33 проценти во 2011 година, 33,3 отсто во 2016 година и 29,3 проценти во 2021 година. Потоа следат двособните станови со учество од 23,8 отсто во 2011 година, 28,3 проценти во 2016 година и 32,8 отсто во 2021 година - пишува Државниот завод за статистика. 

Согласно нивните податоци, се забележува дека во последните три години, поточно годините 2019, 2020 и 2021, најмногу одобренија за градење биле издадени за објекти од високоградба, и тоа 54,1 проценти во 2019 година, 56,3 отсто во 2020 година и 60 проценти во 2021 година.

По објектите за високоградба, следат објектите за реконструкција со 31,4 отсто во 2019, 29,9 проценти во 2020 и 28,2 отсто во 2021 година. 

- Исто така и вредноста на издадените одобренија за градење е највисока за објектите од високоградбата и нејзиното учество се движи од 66,9 проценти во 2019 година, 54,6 отсто во 2020 година, до 68,5 проценти во 2021 година, додека за нискоградбата учеството изнесува 25,2 отсто во 2019, 37 проценти во 2020 и 23,3 отсто во 2021 година - се додава во анализата на ДЗС.

Како што може да се забележи од табелата подолу предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија за градење последниве три години постојано расте. 

П.О.

Можеби ќе ве интересира

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно