И тоа го има! Кој се нафаќа да биде директор за 100 евра месечно?
Објавено во: Финансии 16 Ноември, 2023 13:43
Месечна награда од 6.000 денари акционерите на „Макошпед“ им доделиле на тројца директори кои се неизвршни членови на оваа скопска мала шпедиција која во инвеститорската јавност е далеку попозната како најголем акционер во „Фершпед“ и во „Европа“
„Макошпед“ е мала скопска шпедиција со големо име, кое рака на срце, го памтат само постарите генерации. И сега таа компанија работи како шпедиција, но со далеку помал обем и капацитет на работа.
Во инвеститорската заедница важи за сателит на големиот шпедитер „Фершпед“, а де-факто „Макошпед“ е најголем акционер токму во „Фершпед“ каде што поседува 20 отсто од акциите. Освен што е голем акционер во „Фершпед“, „Макошпед“ поседува и 20 отсто од акциите на скопската кондиторска индустрија „Европа“.
На последната седница акционерското собрание на „Макошпед“ донесе одлука да дава месечен надоместок од 6.000 денари за неизвршните членови на одборот на директори на таа компанија. Одлуката е донесена на крајот на минатиот месец.
Со таа одлука за членови на Одборот на директори во „Макошпед“ се избираат Стефан Станкоски и Аница Неделковска. Сега според најновата информација на СЕИ НЕТ системот за информирање на берзата Станкоски е поставен за генерален, а воедно и за извршен директор на компанијата.
Според достапните официјални податоци на сајтот на берзата неизвршни членови на Одборот на директори покрај Неделковска се Никола Лазаров и Гоце Димитриоски.
Најголеми акционери во „Макошпед“ се кавадаречкиот бизнисмен Илија Гечев преку неговата компанија „ИГМ Трејд“, „Мепком“ на Кочо Моцан и скопската компанија „Уготур“ кој порано беше дел од скопската железарница задолжена за исхрана на вработените во најголемата скопска компанија.
Финансиските податоци за првите девет месеци на „Макошпед“ покажуваат дека компанијата остварила приходи во вредност од 434.000 евра и оперативна добивка од 12.000 евра.
Благодарејќи само на нето финансиските приходи од 150.000 евра оваа компанија првите девет месеци работење ги завршила со добивка од 163.000 евра. Дел од финансиските приходи на „Макошпед“ се комбинација од камати на депозит од 2,6 милиони евра од продажба на царински терминал - недвижен имот во околината на Битола и дивиденда од нивните акции во „Фершпед“ и во скопска „Европа'.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




