13 Мај, 2025
0.3082

И СОПСТВЕНИК, И ПЕНЗИОНЕР, И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР - кој газда добива награда од 2.400 евра, но затоа направи модерни и признати бањи

Објавено во: Македонија 24 Април, 2025 08:20

Добивај вести на Viber

Добивката минатата година се стопила и изнесувала само 32 илјади евра, наспроти 237 илјади евра во 2023 година, што е намалување за цели 87 проценти. Сепак, доминантниот сопственик на компанијата, Меџит Цапа, е задоволен од тоа како работи неговата компанија „Дебарски бањи“, а тоа им го соопштил и на самите вработени, на прославата по повод 20 годишнината од приватизацијата на оваа фирма, кога тој стана доминантен сопственик и поседува 85,46 отсто од акциите на компанијата.

Цапа пред своите вработени говореше дека во изминатите две децении, Дебарски бањи прераснале во еден од водечките центри за бањски туризам и медицинска рехабилитација во земјата и регионот. 

„Нашето име веќе го пробивме и на меѓународниот пазар – пациенти и гости доаѓаат од разни земји, препознавајќи го квалитетот, експертизата и искуството што го нудиме. Но, ова не беше лесен пат. Се соочивме со бројни тешкотии, со економски кризи, со административни пречки, со многу ноќи поминати во планирање, вложување и реорганизација“, изјави меѓу другото Меџит Цапа.

А, во годишниот извештај за работењето на таа компанија може транспарентно да се прочита колкави примања имаат членовите на Одборот на директори, а колку се планира да добиваат и во наредниот период.

Доминантниот сопственик Меџит Цапа, кој е и председател на одборот на директори, и пензионер, има месечни примања од 145.000 денари како награда како неизвршен член на одбор на дирекори, или месечно околу 2.400 евра.

Албиона Риза, извршна директорка, примала нето плата од 124.300 нето плата, или нешто над 2.000 евра. Истата сума ја имал Трим Ќемали, кој е заменик извршен директор на компанијата.

И, Шпреза Цапа, неизвршен член на Одборот на директори, исто така, пензионерка, добивала примања од 145.000 денари или 2.400 евра, во форма на награди како неизвршен член на Одборот на дирекори.

Уште еден пензионер, Никола Темелкоски, неизвршен и независен член на одбор на директори, имал примања од 40.000 денари, како награда за работењето.

Истите овие средства за се планираат за неизвршните членови и за оваа година, како предлог одлуката за која ќе се гласа на акционерското Собрание.

Инаку, компанијата се состои од две здравствени установи, и тоа бањата Бањиште, како и бањата Косоврасти. Бањиште се наоѓа во западна Македонија на огранокот на планината Крчин, на надморска височина од 850м. Косоврашката бања е лоцирана во село Долно Косоврасти, и таму температурата на водата изнесува 42 степени целзиусови. Хотел Венец, пак, e лоциран во центарот на градот.

Инаку, друштвото има основано приватна здравствена установа - специјална болница по физикална медицина. Целта на основање на приватна здравствена установа е проширување на деловната соработка со Фондот за здравствено осигурување и во делот на болничкото сместување. 

Вкупниот број на гости лани пораснал за околу 5 отсто, просечно на ниво на трите објекти со кои располага компанијата. На странски туристи отпаѓаат 23 отсто од вкупниот број на ноќевања.

Од компанијата во својот извештај се жалат дека лани драстично се покачиле сите трошоци, а меѓу нив и минималната плата, а со тоа и пропорционално и другите плати на вработените, а поскапеле и набавката на прехранбени производи и електричната енергија.

„А, од друга страна не ги зголемивме цените за сместување и на другите услуги кои ги нудиме“, велат од Дебарски бањи.

Се жалат и дека често треба да прават реновирања. 

„Самиот состав на водата и пареата која излегува од термомиералните води ни прави големи проблеми во објектите. Составот на водата е таква што низ целиот објект се што има од инвентар како електроника или метал се расипува или рѓосува за неполна година. Овие се трошоци  кои ние сме принудени да ги планираме секоја година“, велат оттаму.

А, минатата година најголемата инвестиција била купување на нова трафостаница во Бања Бањиште.

На собранието што ќе се одржи во мај, ќе се гласа добивката да се распореди 1.000 евра во резерви, и остатокот да остане како нераспоредена добивка.

Н.Н.Ф.

Фото: Извештај од Дебарски бањи

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aрбен Таравари ја напушта Владата, оди во опозиција

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aрбен Таравари ја напушта Владата, оди во опозиција

ТАРАВАРИ: Одиме во опозиција

ТАРАВАРИ: Одиме во опозиција

ПЕТРУШЕВСКИ: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам

ПЕТРУШЕВСКИ: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам

КРИС ПАВЛОВСКИ: Не го организиравме патувањето на владината делегација за инаугурацијата на Трамп

КРИС ПАВЛОВСКИ: Не го организиравме патувањето на владината делегација за инаугурацијата на Трамп

(ВИДЕО) ВЕРБАЛНО ГО НАПАДНАА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ: Тензичен протест во Тркање

(ВИДЕО) ВЕРБАЛНО ГО НАПАДНАА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ: Тензичен протест во Тркање

ТУРЦИТЕ ВЕЌЕ НЕ СЕ НАЈЧЕСТИ ГОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кој им го зема приматот?

ТУРЦИТЕ ВЕЌЕ НЕ СЕ НАЈЧЕСТИ ГОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кој им го зема приматот?

МИЦКОСКИ ЗБОРУВАШЕ ЗА НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО НЕГОВИОТ ЖИВОТ: Во 3 часот и 30 минути некој затропал на неговата врата

МИЦКОСКИ ЗБОРУВАШЕ ЗА НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО НЕГОВИОТ ЖИВОТ: Во 3 часот и 30 минути некој затропал на неговата врата

МВР ЗА ПРОТЕСТОТ НА НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ: Секој има право да протестира

МВР ЗА ПРОТЕСТОТ НА НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ: Секој има право да протестира

ПОЛИЦИЈАТА НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Човекот кој влечеше куче се извини и кажа што се случило

ПОЛИЦИЈАТА НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Човекот кој влечеше куче се извини и кажа што се случило