И ПОНУДИЛЕ ПЛАТА ОД 1100 ЕВРА: Не ја прифатила работата поради еден услов
Објавено во: Финансии 26 Октомври, 2017
Професорката по хрватски јазик, Романа Фабијанов била шокирана откако во камп во Австрија и понудиле работа како професор со плата од 1100 евра, но ѝ рекле дека работна дозвола за професор не можат да добијат.
Иако огласот бил за подучување деца по хрватски јазик во вечерните часови, сепак одговориле дека можат да ја пријават единствена како собарка и така да добијат дозвола.
„Твоја задача би била подготовка наутро и чистење на собите, а попладне водење и организирање на настава по хрватски јазик. Платата е 1100 евра и се работи седум дена во неделата“ - цитира професорката.
Револтирана професорката оваа понуда за работа ја пријавила во инспекциските служби.