И покрај завршената мисија, Турција нема да се повлече од Сирија наскоро
Објавено во: Балкан 01 Април, 2017
Турските сили Ја завршиле успешно својата мисија во Сирија, но војниците нема да бидат повлечени наскоро, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Целта е да се обезбеди мир и непречено враќање кон нормалниот живот во земјата.
„Треба да се обезбеди станбено прашање. Покрај тоа, локалните сили за безбедност треба да бидат добро обучени и опремени“, рече министерот.
Чавушоглу се состана со американскиот колега Рекс Тилерсон во Анкара оваа недела, при нивната средба конфликтот во Сирија беше меѓу водечките теми.Дипломатите ветија дека нивните две земји ќе ја продолжат заедничката работа на обезбедување на мир во азиската земја, како и дека ќе привлечат уште европски партнери во иницијативата. Турскиот министер тврди дека се уште има голем број на опасни зони во Сирија.
За тоа Анкара ја обвинува курдската партија Демократска унија (PYD) и нејзиното воено крило - Сојуз за народна одбрана (YPG). Според соседите двете организации се терористички и се поврзани со забранетата во Турција Курдистанска работничка партија (ПКК). Во исто време, сепак, САД ги сметаат курдските милиции за посуштински сили во борбата на терен против „Исламска држава“.
САД им вети на Турците дека ќе преземе мерки за контрола врз ПКК, особено во регионот на Синджар во Ирак и други „жешки“ точки.
На крајот на март Тилерсон стана првиот висок функционер од новата американска администрација, кој ја посети Анкара. Тој оствари разговори со претседателот Реџеп Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим.