13 Мај, 2024
0.0263

ВИДЕО ВО ЖИВО: Масовни протести во Романија, илјадници луѓе на улиците, премиерот не попушта!

Објавено во: Свет 02 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Илјадници луѓе и вечерва се на улиците на Романија а причина за тоа се измените во кривичниот законик и закон за кривична постапка.

Иако повеќе од 300 000 луѓе излегоа на улиците ширум Романија поради корупција и најавените амнестии за илјадници криминалци, западните медиуми малку внимание им посветуваат на самите измени.


Романските медиуми пишуваат дека овие измени не биле дел од владината агенда, а целосен исклучок на транспарентноста довел до жестоки реакции во јавноста.

Новинарот од Романската ТВ Рајко Корња за Б92 вели дека јавноста во Романија е поделена „како никогаш досега“, а дека на итниот состанок на владеачката коалиција е одлучено да не се откажуваат од контроверзната одлука.

„Многумина се плашат од ескалација на насилството. Никој не верувал во волку голем одѕив, а од ден во ден тој е се поголем. И вечерва се очекува голем број луѓе на улиците“, вели новинарот.

Премиерот не попушта

Романскиот премиер Сорин Гриндеану изјави дека неговата влада ќе продолжи со своите предлози за декриминализација на голем број корупциски практики, независно од масовните протести во земјата, кои се и едни од најголемите во новата нејзина историја. „Донесовме решение во владата и ќе продолжиме напред“, рекол тој по состанокот на неговата лева Партија на социјалдемократите (ПСД).

Лидерот на партијата Ливиу Драгнеа од своја страна ги најави синоќешните протести кои според првичните информации собрале на улиците 300 000 луѓе, дека се дел од „тековната кампања од лаги и дезинформации“, пренесуваат агенциите. 

„ПСД победи на изборите (на 11 декември) со голем резултат. Владината власт е легитимна“, рекол тој, додавајќи дека претседателот Клаус Јоханис е „морален автор на синоќешното насилство“. „Владата и партиите кои го поддржуваат се уште имаат намера да вршат извршната и законодавната власт. Секој обид да се запре работата на кабинетот е обид за дестабилизирање на владеењето на правото во Романиј“, изјавил Драгнеа. Тој, исто така негираше дека има лична корист од новите владини наредби според кои злоупотреба на власт се казнува, само ако преземените дејства надминуваат 200 000 романски леи (околу 44 000 евра). Во моментов Драгнеа е изведен пред суд под обвинение за злоупотреба на функцијата за сума од 24 000 евра.

Тој, исто така има и двегодишна условна казна за изборна измама, поради која шефот на државата не му дозволи да ја заземе премиерската функција. „Зборував со моите адвокати. Декретот не става крај на моето дело. Лажните обвинувања против мене остануваат“, псосочил тој.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи