Добивај вести на Viber
Мартин Костовски, член и пратеник на СДСМ, со сериозни критики за членовите на СДСМ кои ги носеа најважните функции во партијата.
„И покрај катаклизмата од епски размери што се случи на нашиот СДСМ, некои кои глумеа “мали богови” продолжуваат да се смеат, зезаат и да се однесуваат лабаво како некој друг да е крив, а не тие.
Помина времето на службени пасати и глумење лудило, помина фразата “шефе” најдобар си, од денеска некои слични на вас почнаа да го глумат тоа лудило.
Во недела СДСМ избира претседател, нека победи најдобриот, нека го направи неопходниот “РЕЗ” и од следен понеделник врзување на патики и пак на улица со чесни луѓе, со луѓе кои немаат криминали и луѓе кои искрено ја сакаат петокраката и розата, знам дека многу од “новите сдсмовци” веќе се со отворени уста кај новата власт, ама не има оние будалите кои ќе издржиме и пак ќе победиме !“, напиша тој на фејсбук.