И ПОКРАЈ ИНФЛАЦИЈАТА, СМЕСТУВАЊЕ ЗА ЧЕТВОРИЦА ЗА 200 ЕВРА, специјалните понуди ги мамат Македонците
Објавено во: Економија 27 Јуни, 2022 07:22
Сместување за двеста евра за четири лица, или пак за 150- 160 евра за три лица на повеќе локации во соседна Грција може да се најде во специјалните понуди на туристичките агенции. Доколку некој може во краток рок да ги спакува куферите може да најде многу поевтини понуди од вообичаените. Се она што им останува нераспродадено, агенциите го огласуваат на своите веб страни во „ласт минут“ понуда. Па така за овој викенд можеше да се најдат понуди за 200 евра сместување на брегот на Егејско море за четворица за седум вечери.
Изборот ги вклучува Лептокарија, Паралиа, Калитеа, Сарти, Геракини... Но, понуди по смалени цени има и за соседна Албанија, дестинација која и без попустите има поевтини цени отколку Грција.
- Прв пат одиме на одмор со понуда која сме ја уплатиле само три дена пред терминот за сместување. Цената е многу пониска од минатите години, но тоа покрај попустот за ласт минут резеравации се должи и на терминот. Крај на јуни се уште се пониски цените, не како понудите кои ги гледавме за јули и август. Се одлучивме за сега да летуваме, со цел да заштедиме, во сезона, кога планиравме да одиме цените се два до три пати поскапи. Сега децата се големи и можеме да се спакуваме за кратко време и да ги искористиме понудите – вели скопјанката Николина Тошевска.
За викендот кој е пред нас, понудите допрва ќе се објавуваат, па оние кои немаат најдено сместување, а веќе сакаат да заминат на летување можат да следат кои локации останале слободни и да го резервираат своето сместување по топ цени.
Одредени агенции нудат поевтино сместување во дестинации кои се помалку посетени или пак кои се со нивни закуп, но главно укажуваат дека термините во топ сезона се распордадени и не очекуваат да останат слободни термини за ласт минут резеравации.
- Голем дел од закупите кои ги имаме веќе се резервирани, особено во пикот на сезоната, така што не очекуваме дека следниов период ќе има понуди по пониски цени. Порано овој период и во септември можеше да заостанат дел од термините, па да ги понудиме по пониски цени, но последниве години, со исклучок на пандемиската кога и не можевме да патуваме, ретко остануваат непродадени термини – велат претставници од една туристичка агенција.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди




