И „Крофните од Хром“, Фејсбук и Фондот за иновации станаа трговски марки
Објавено во: Економија 11 Септември, 2018 22:34
По „Мекиците од Стража“, и „Крофните од Хром“ станаа трговска марка заштитена во Македонија во најновиот огласник за Заводот за индустриска сопственост објавен изминатата недела за 2018-та. Регистрирани како трговски марки во наредните десет години се и услугите на Фејсбук и Фондот за иновации и технолошки развој. Меѓу десетиците заштитени знаци доминираат странските производи, додека кај македонските компании доминираат услугите, без при тоа да се издвои некоја голема креативност и идеја.
За популарните крофни, за кои во редица се чека и до еден час кога е најфреквентно, е поднесено барање за заштита на името и знакот на 27 октомври 2017, а одобрено е на 27 август годинава. Во описот стои дека се работи за продажба на крофни на големо и мало и ресторани со самопослужување.
Фејсбук поднел барање на 29 декември лани, а социјалната мрежа е заштитена на 14 август годинава со опис на услуги - социјално вмрежување, интерфејс, прикажување, поврат на податоци, софтвери за организирање настани, стриминг, објавување, означување, поврзување, споделување, закажување, мапирање, итн.
Фондот за иновации и технолошки развој поднел барање на 25 јануари годинава, а заштитен е на 23 август летоска со своите три услуги - финансирање на проекти, образовни услуги и обука и софтверски услуги. Покрај тоа, ФИТР ги регистрира како трговски марки и своите две кампањи „Оброк за сите“ и „О2 Предизвик“.
Кај македонските производи и услуги има такви за облека и спортски реквизити, кугларница, конфекциски производи, кондиторство, прибор за јадење, детергенти, филмска продукција, индустриски дизајн на покуќнина, шперплочи, пијалоци, организирање на патувања, месни производи, заштита, телекомуникациски услуги, деловни и советодавни услуги, настани, забави, модни додатоци Како пософистицирана марка може да се издвои капацитет за антифриз, глицерин и дестилирана вода, компанија која произведува инсталации за греење, како и направи за автоматизација на домот. Има и тутунски производи, земјоделски хемикалии, рекламирање, подготвување здрава храна, градежни материјали, перници и душеци, фармацевтски услуги, производи од жита.
Инаку ако се земат сите носители на трговски марки, она што го имаат заштитено се главно стандардни нешта како хигиенски, козметички, медицински и ветеринарни препарати, ортопетски помагала, вакцински препарати, продажбва на мебел, гуми, лепила, е-цигари, компјутерски апликации, осигурителни услуги, инструменти, апарати, уреди, образовни услуги, фискални апарати, делови за автомобили, машини за вежбање
Кај патентите доминираат странските нсоители со хемиски процеси, додека кај индустрискиот дизајн има четири македонски решенија - автоматски наплатен терминал, дизајн за врати, антенски столб и цигла
Александар Кузмановски
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




