03 Декември, 2024
0.0297

И КОМШО ОД „ТРЧАЈ ПЕТКО“ ДЕЛ ОД ВЛАДАТА НА МИЦКОСКИ: Љутков беше херој на најмалите, денес ќе го води министерството за култура

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Зоран Љутков, кој ќе биде министер за култура и туризам е роден на 1 октомври 1977 година во Велес, Македонија.

Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде се стекнал со звање дипломиран драмски актер.

Од компјутерски вештини познава Adobe Premiere pro. Мајчин јазик му е македонскиот, а добро го познава англискиот јазик.

Во периодот од 2006 до 2024 година во НУ Драмски театар - Скопје играл во повеќе театарски улоги меѓу кои „Џерардо, Девојката и смртта“, во адаптација и режија на Васил Христов во 2017 година, „Креонт, Антигона и Креонт“ од Миро Гавран, во режија на Нела Витошевич во 2016 година, „Крал Иби“ од Алфред Жари, во режија на Андреј Цветановски во 2015 година.

Ја играл филмската улога на Турчин во „Прашина“, во режија на Милчо Манчевски во 2001 година, Мирче во „Резервни делови“, во режија на Дамјан Козоле во 2003 година, Славко во „Коски“, во режија на Милчо Манчевски во 2006 година и други.

Од 2010 до 2013 година работи како уметнички раководител во НУ. Драмски театар - Скопје.

Добивал повеќе признанија и награди меѓу кои Награда за најдобра главна машка улога од страна на Интернационален Фестивал на античка драма СТОБИ - Велес во 2021 година, Награда за најдобра машка улога од Интернационален фестивал „Гола месечина” Скопје во 2014 година, како и Награда за најдобар млад актер од Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински - Прилеп во 2002 година.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции за предлогот на Фискалниот совет за зголемувањето на старосната граница за пензионирање на 67 години

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции за предлогот на Фискалниот совет за зголемувањето на старосната граница за пензионирање на 67 години

МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ: Ултиматуми не прифаќаме

МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ: Ултиматуми не прифаќаме

ДОБИ ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Скопјанец се обидел да запали албанско знаме

ДОБИ ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Скопјанец се обидел да запали албанско знаме

„КОНТРАПРОДУКТИВНО И ЗА РАБОТНИЦИТЕ И ЗА ФИРМИТЕ“: Јовановиќ за границата за пензионирање - „ќе се намали продуктивноста“

„КОНТРАПРОДУКТИВНО И ЗА РАБОТНИЦИТЕ И ЗА ФИРМИТЕ“: Јовановиќ за границата за пензионирање - „ќе се намали продуктивноста“

ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ ПОДНЕСЕ ЧЕТИРИ ИНТЕРПЕЛАЦИИ: Незадоволни се од работата на Тошковски, Стоилковиќ, Меџити и Исени

ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ ПОДНЕСЕ ЧЕТИРИ ИНТЕРПЕЛАЦИИ: Незадоволни се од работата на Тошковски, Стоилковиќ, Меџити и Исени

ТРАГЕДИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА - младо момче од Куманово почина по пад од зграда при изведување градежни работи

ТРАГЕДИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА - младо момче од Куманово почина по пад од зграда при изведување градежни работи

БОЈКОТ ВО „11 ОКТОМВРИ“: Родителите не ги пуштија децата на настава поради префрлање на насилно дете од друго школо

БОЈКОТ ВО „11 ОКТОМВРИ“: Родителите не ги пуштија децата на настава поради префрлање на насилно дете од друго школо

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОЕФИКАСНО ГОНЕЊЕ КОРПУЦИЈА - еве какви насоки дал државниот обвинител по критиките

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОЕФИКАСНО ГОНЕЊЕ КОРПУЦИЈА - еве какви насоки дал државниот обвинител по критиките

ОЈО: Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме

ОЈО: Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме