И ГЕРМАНЦИТЕ СЕ ЧУДАТ: Само една земја го покренува својот туризам
Објавено во: Економија 30 Април, 2020 09:42
Додека ширум светот, поради пандемијата на корона
вирусот, важат предупредувања за сите видови патувања, без досега конкретен
датум за можност за повторно слободно движење во различни дестинации, Црна Гора
го покренува својот туризам, пишува денеска германски „Билд“.
Земјата не само што го рестартира својот туристички сектор, туку наведува и точен датум од кога се ќе биде подготвено за туристите.
-Од 4. мај, речиси се ќе работи повторно во Црна Гора, со задолжително носење на заштитни маски, а хотелите и рестораните ќе почнат да работат од 18. мај, пренесува „Билд“.
Во ова време на голема несигурност поради пандемијата, Црна Гора, според анализите на светските здравствени експерти е една од најделотворните држави и постигнува добри резултати во борбата против епидемијата, изјавила Жељка Радак, директорка на Туристичката организација на Црна Гора.
Радак за „Билд“ посебно потенцирала дека благодарение на навремената реакција на владата и строгите мерки на надлежните здравствени институции, земјата е стабилна. „Билд“ пишува дека пред Црна Гора да стане достапна дестинација за туристите, властите во овој период изработуваат план и концепт за спроведување хигиенски мерки во туристичките капацитети.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





