05 Мај, 2024
0.0236

И денеска на дождот, лозарите на блокади кај Росоман

Објавено во: Агробизнис 07 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

И денеска на дождот, лозарите од Тиквешијата, измамени од винарската визба Винеа го блокираа патот Градско - Прилеп кај Росоман. Уште еднаш побараа да им бидат исплатени над 600 илјади евра за предаденото грозје во изминатите неколку години.

„Имаме сознанија дека нашиот приговор до судот е прифатен и оти продажбата на винарската визба „Винеа” е поништена. Но, сега чекаме на официјален документ. Очекуваме да дојдат газдите на „Винеа” кои исто така сакаа да се поништи продажбата и да кажат со која динамика планираат да ни го исплатат грозјето. Претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство исто така би било добро да бидат присутни кога газдите на винаријата ќе се изјаснат како ќе тече намирувањето на обврските кон нас“, изјави претседателот на регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија”, Љупчо Аризанов.

Винарите се против продажбата на винарницата оти стравуваат дека со парите од продажбата ќе бидат намирени обврските кон другите доверители, но не и кон нив. Блокадите кај Росоман продлжуваат и утре.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?