20 Мај, 2024
0.0413

И 48-ГОДИШНИОТ ПАЦИЕНТ КОЈ ВЧЕРА ПОЧИНА ВО ТЕТОВО 10 ДЕНА НЕ ПОБАРАЛ ПОМОШ: Градот е се уште големо жариште

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Тетово е на врвот на табелата по смртност со 106 починати пациенти до крајот на август, според последните податоци објавени од Министерството за здравство. Оттаму наведуваат дека епидемиолошките анализи покажуваат дека најголема смртност кај пациенти со ковид имало во градовите каде имало најнизок процент на вакцинирано население, а во Тетово во момент на избувнување на четвртиот бран на корона вирусот процентот на вакцинирани е само 19 отсто од населението.

Во изјава за Фактор, д-р Гзим Нуредини, шеф на Ковид-центарот во Тетово посочува дека по ваквиот исходм во последниот период интересот за вакцинација е навистина зголемен, но состојбата е подобрена, како што вели, само за нијанса.

-Денеска во Тетово починаа четворица малку повозрасни пациенти, односно имаат 63, 68, 73 и 74 години. За разлика од минатата недела кога имавме и 124 хоспитализирани пациенти, сега се лекуваат 106 во тетовскит ковид-центар, но прегледи се уште имаме многу. За 24 часа амбулантски се прегледани дури 149 кои имаат симптоми на корона вирусот. Би рекол дека ситуацијата за нијанса е подобра, но Тетово е се уште големо жариште на ковид-19, вели д-р Нуредини.

Загрижува фактот, според д-р Нуредини, што голем број луѓе седат дома и сами се лекуваат, не барајќи лекарска помош се додека немаат потреба од кислород.

-Вчера на пример 48-годишниот пациент кој дојде во ковид-центарот почина веднаш, бидејќи беше во исклучително тешка здравствена состојба. Претходно цели десет седел дома и не побарал лекарска помош. За жал немаме евиденција и секако е новозможно да имаме такви податоци на сите оние кои седат дома и упорно сами се лекуваат. Недозволиво е да се седи 10 дена дома и да не се направи ниту крвна слика, ниту рентген...ниту каква било консултација. Секоја кашлица, секое кревање температура, каков било симптом треба да биде знак дека мора да се оди на лекар. И матичните лекари мора пациентите да ги упатат на тестирање, барем на оние брзи антигенски тестови, ако ништо друго, барем за да се исклучи опасноста дека се позитивни. Не смеат да ги пуштаат туку така дома младите. Тие се нашиот најголем проблем изминатиот месец. Го раширија вирусот, секако страдаат повозрасните, но за жал починаа и млади. И секако многу е важно граѓаните доколку се позитивни, но со благи симптоми да се изолираат, да бидат свесни за ризикот дека може да го Инаку, слична е состојбата и во Гостивар каде исто така има мал опфат на вакцинирано население, односно до крај на август е под 30%, а бројот на починати со ковид е 73.

Министерството здравство апелира дека треба да ги отфрлиме сите заблуди во врска со вакцините.

-Време е да се придвижиме кон фактите и кон реалните докази кои всушност ни покажуваат колку тие се значајни и ефикасни. Целта е да го победиме вирусот, а тоа ќе го направиме само со масовна имунизација на целокупното население. Само на овој начин можеме да живееме повторно слободно, без ограничувања и без рестрикции, потенцираат од Министерството за здравство. 

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување