26 Април, 2024
0.0304

Huawei е подготвен да докаже дека нема закана за безбедноста од нивната мрежа

Објавено во: Економија 20 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Кинескиот гигант Huawei е подготвен темелно да се испита за да покаже дека нивната технологија не претставува никаков ризик за земјите што ќе ја вклучат опремата при создавање на 5G мрежите, изјавија за Ројтерс претставници од раководството на Huawei Италија. „Ние сме целосно отворени и достапни да одговориме на овој политички притисок.. “, рече претседателот Луиџи Де Векис на церемонијата на отворање на центарот за сајбер-безбедност на групата во Рим.

Коментарите пристигнаа истиот ден кога државниот секретар на САД, Мајк Помпео, ја започна својата дводневна посета на Италија.

Соединетите Американски Држави лобираа во Италија и кај другите европски сојузници да ја избегнуваат употреба на опремата на Huawei во нивните мрежи од следната генерација, велејќи дека компанијата може да претставува безбедносен ризик. Huawei ги отфрла тие обвиненија.

„Останат сум без зборови дека земја со големина на САД напаѓа друга земја преку уривање на имиџот на една компанија во другата држава, преку неосновани обвинувања“, рече Де Векис.

Де Векис додава дека, и покрај сиот притисок, Huawei нема намера да го напушти италијанскиот пазар и размислува да додаде дополнителни производи во области како што се енергијата. „Huawei нема да го напушти пазарот заради сегашната состојба“, рече тој.

Организирањето на настанот истиот ден кога ие пристигнувањето на Помпео во Италија е случајност, изјави Де Векис и досега нема никакви прашања во врска со затворањето на договорите за 5G во Италија, заради употребата на т.н. златни моќи на Владатаза инфраструктурата кои се сметаат за стратешки.

За време на состанокот со италијанскиот премиер Џузепе Конте, Помпео ги истакна значителните деловни и инвестициски врски меѓу Соединетите Држави и Италија и предупреди на ризиците од деловното работење со Кина, изјави портпаролот на државниот секретар на САД.

www.reuters.com


Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9