Хуавеи: Одлуката на Шведска за 5Г опремата е без основа
Хуавеи е изненаден и разочаран од одлуката на шведскиот орган за телекомуникации, којa всушност забрани употреба на 5Г опрема на компанијата во Шведска
Објавено во: Мои пари 21 Октомври, 2020 17:04
Како одговор на одлуката на Шведска за условите за учество на операторите на аукции од 3,5 гигахерци и 2,3 гигахерци, што всушност претставува забрана за употреба на 5Г опрема на таа компанија, Хуавеи наведува дека тие се приватна комерцијална компанија во целосна сопственост на нејзините вработени.
Нема основа за обвинувањата дека Хуавеи претставува каква било закана за безбедноста. Ние веруваме дека исклучувањето на Хуавеи се заснова на неоснована претпоставка и дека е неправедно и неприфатливо. За 20 години деловно работење во Шведска, како и за повеќе од три децении постоење во повеќе од 170 земји во светот, не е забележан поголем безбедносен инцидент.Хуавеи никогаш не предизвика најмала закана за шведската сајбер безбедност и тоа нема да се случи во иднина. Исклучувањето на Хуавеи нема да придонесе за безбедноста на шведската 5Г мрежа. Напротив, ќе има сериозни нарушувања на конкуренцијата и иновативноста“, стои во соопштението на компанијата.
Хуавеи ќе го процени ефектот на одлуката и се надева дека шведската влада ќе ја преиспита одлуката во духот на фер и отворен пазар, како што секогаш поддржувала.
https://www.huawei.eu/press-release/huawei-media-statement-sweden
комерцијален текст
Можеби ќе ве интересира
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!




