27 Април, 2024
0.0300

ХРВАТСКА ПОДГОТВЕНА ДА ГИ ЗАТВОРИ ГРАНИЦИТЕ: Изолирани лица поради коронавирус во Риека

Објавено во: Балкан 25 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош изјавил денеска дека е извесно оти коронавирусот овие денови ќе се појави во Хрватска и додал дека таа земја е подготвена да ги затвори границите во било кој момент кога проценат надлежните, но дека во овој миг такво мислење не е потребно.

Берош порачал дека нема причини за паника бидејќи здравствениот систем е подготвен за се што треба да се преземе и потврдил дека сите тестови на хрватските државјани се негативни на КОВИД-19, јавија денеска хрватските медиуми.

-Во овој момент сите резултати се негативни, но со оглед на епидемолошката ситуација и број на примероци кои се уште во обработка, лесно е можно некој од нив да биде позитивен. Но тоа не треба да ја вознемирува јавноста бидејќи системот е подготвен. Дополнително се проверуваат луѓето кои се во изолација. Ако се случи некој да биде позитивен, ќе се фокусираме на тоа да бараме контакти-рекол Берош.

Освен наодите на седуммина пациенти кај кои имаше сомненија на коронавирус, а се покажаа негативни, во текот на ноќта во КБЦ Риека стигнале уште девет хрватски работници кои работеле во една фабрика во Италија, па поради престојот на сомнително подрачје веднаш се сместени во изолација, јави агенцијата Хина.

-Девет хрватски граѓани кои работеле во фабрика во Италија, каде се откриени дури 20-тина заболени, во текот на ноќта се транспортирани во КБЦ Риека каде се во изолација и под надзор, а брисевите се испратени на анализа во Загреб. Резултатите се очекуваат во текот на попладнето или подоцна во текот на денот-рекол Берош.

Тој тврди дека во овој момент нема сомнителни случаи, но дека здравствениот систем ја следи ситуацијата, ги детектира сите оние кои се сомнителни на хрватските граници и дека во овој момент ситуацијата е под контрола.

Хрватскиот министер за здравство, денес ќе отпатува во Рим кој е домаќин на состанокот на министри за здравство од соседните земји, посветен на сузбивање на коронавирусот, а на кој ќе се разгледува координиран одговор на епидемијата во северна Италија. Состанокот ќе ги собере министрите за здравство на Италија, Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Франција и Швајцарија а ќе се разговара за мерки кои се преземаат по повод коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната