ХРВАТСКА ИЗДАДЕ ЕВРООБВРЗНИЦА ОД 1,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, имаше голем интерес од инвеститорите
Објавено во: Финансии 07 Јуни, 2023 11:17
Министерството за финансии на Република Хрватска во вторникот успешно издаде еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал во вкупен номинален износ од 1,5 милијарди евра, со рок на доспевање до 2035 година.
Годишната купонска каматна стапка е 4,00, а остварениот принос 4,047 отсто, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството за финансии.
Трансакцијата, од објавувањето до затворањето на регистарската книга, е извршена во рок од еден ден, со исклучително силна побарувачка во вкупен износ од над 6,4 милијарди евра.
Регистрационата книга содржеше повеќе од 200 индивидуални интереси на најквалитетни инвеститори од повеќе земји: Германија, Велика Британија, Австрија, Франција, САД...
„Нивото на интерес, како и крајните услови на емисијата, се силна потврда за кредибилитетот на Република Хрватска како издавач на меѓународниот пазар, како и за довербата на инвеститорите во економијата и јавниот долг на државата, особено по приклучувањето кон еврозоната и Шенген од 1 јануари 2023 година“, се заклучува во соопштението од Министерство за финансии.
Можеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




