Хрватска ги отвора вратите за сезонците, можете да заработите до 1.200 евра
Објавено во: Економија 15 Мај, 2021 07:15
Хрватска и оваа година има потреба од сезонски работници, кои би се вклопиле во туризмот и угостителството.
Платите можат да достигнат и до 1.200 евра. Бараат келнери, готвачи, шанкери, бармени, собарки. Дел од македонските граѓани веќе имаат искуство со работа во Хрватска, и во текот на летото работат во оваа земја. Платите кои се нудат за сезонците се исти како и за домашните работници. Келнерите земаат од 750 до 1.200 евра, а готвачите од 800 до 1.200 евра. За ова лето Хрватите планираат дека летната сезона ќе трае 3 месеци, а дали ќе имаат гости во септември и октомври ќе зависи од епидемиолошката состојба.
„Доколку се работи за позиции како келнери, бармени, тогаш се пријавуваат млади луѓе, но за собарки има и жени на возраст од 55 години кои аплицираат. На луѓето им е важна висината на платите, но голема улога играат и квалификациите кои ги поседуваат да можат да аплицираат за работа. Српско – хравтскиот јазик не е толку важен, колку што е важен англискиот за работа во Хрватска, затоа што таму сѐ повеќе има туристи од Германија, Италија, од скандинавските земји. Ги работиме Брач и Пореч, и еве 6 години имаме луѓе кои одат да работат во Хрватска“, објаснува Милан Џинлев од агенцијата „Приорити солуции за вработување“.
Првите групи работници од земјава во Хрватска ќе заминат кон крајот на мај или почетокот на јуни.
„Едно лето имам работено во Хрватска во туристичкиот сектор и сум задоволна. Бев ангажирана четири месеци, но тоа беше пред пандемијата и доколку имам прилика пак би отишла. Имам роднини во Хрватска и тие ми помогнаа околу пронаоѓање на работата“, вели млада девојка од Куманово.
Изминатите години беа пласирани информации дека на Хрватска во годините кои доаѓаат ќе ѝ требаат од 30.000 до 35.000 сезонци. Кандидатите кои имаат искуство во овој сектор, можат да аплицираат и за работа во Дубаи. Деновиве пак Црна Гора донесе одлука минималецот за странците и за домашните работници да биде ист, но македонските работници во оваа земја најчесто заминуваат преку посредници и лични контакти.
Сања Атанасовскаfoto freepik
Можеби ќе ве интересира
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември




