Хрватска бара над 110.000 сезонци и тоа само за три сектори
Објавено во: Економија, Балкан 03 Април, 2023 18:44
Ако сте во потрага по сезонска работа, Хрватите бараат кадар. На Хрватска ѝ недостасуваат повеќе од 110.000 работници.
Oва се однесува само за три сектори и тоа туризам, угостителство и градежништво, пишува порталот СЕЕбиз.
Во туризмот планираат да вработат 60.000 сезонци, а 35.000 странски работници во 2023 година ќе го надминат бројот на домашните сезонски работници, кои се потешко се наоѓаат. Недостигот од работници веќе се гледа во намалувањето на опфатот на некои услуги во многубројните индустрии, па така, на пример, големите трговски ланци ја намалија работата во помалите маалски продавници на само една смена. Недостигаат и медицински сестри, лекари, наставници, информатичари, возачи на камиони…
Хрватска од регионот си обезбедува работници. Во земјата работат Срби, Босанци, Македонци. Инаку, пред неколку години се споменуваа бројки од 15.000, 20.000 сезонци, но сега бројките растат.foto freepik.com/gpointstudio
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




