Хрватите трошат како луди-си можат кога платата е 800 евра
Објавено во: Балкан 16 Мај, 2017
Кризата во Агрокор и падот на продажбата во Конзумот од 20 отсто не влијаеле на трговијата на мало која расте 31 месец по ред.
Ако нема производи на полиците, купувачите ќе се снајдат поинаку.
2008 година се смета златна за трговијата, а потоа се пресече кризата. Сега конечно дојде ред на опоравувањето.
„Морам да кажам дека во Европа тие бројки достигнаа уште во 2016 година, а кога ги гледаме нашите пазари, ако продолжиме со ова темпо во втората половина на 2018 година, би можеле да стигнеме до бројките од 2018“, рекла помошник директорката на Секторот за трговија на Хрватска Томислава Равлиќ.