25 Април, 2024
0.0359

Хрватите плаќаат за да им се донесе работник плус од Македонија

Објавено во: Економија 27 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Хрватите плаќаат по 50 евра за да им се донесе работник плус од Македонија, раскажуваат нашинците кои работат во оваа балканска земја.

Се бараат градежници, келнери, готвачи, и други профили низ цела Хрватска, а најголема потреба од работници има во приморските градови. Месечно може да се заработат 1.000 евра. Но, се нуди и платено сместување, храна, како и покриен превоз во еден правец.

„Во Македонија работев во приватна фирма каде платата често доцнеше, поради што решив да заминам во Хрватска со пријатели. Работев на повеќе локации низ Хрватска. Следниот пат со мене заминуваат уште тројца луѓе, за што хрватските газди даваат надомест. Хрватска е преплавена од работници од БиХ, Србија, Косово. Задоволен сум од условите кои Хрватите ги нудат и може двојно повеќе да се заработи од Македонија. Од друга страна, Хрватите одат на печалба во Германија каде за истата работа добиваат три пати повисока сума на пари за работен час“, вели млад градежник од внатрешноста на Македонија.

Има и македонски граѓани кои со своите семејства престојуваат и работат во Хрватска. Задоволни се пред сѐ од третманот кој таму го имаат.

„Овде има подобри услови, 13-та плата, плус божичница. Не е како кај нас, да земеш к – 15 и да го вратиш на газдата. Те ценат прво како човек, а потоа како работник. Јас лично сум задоволна, работници се бараат, а колку ќе заработите зависи од тоа што работите“, раскажува Лидија Т.

Хрватска кубури со работници, и фали и медицински персонал.

Педијатри, анестезиолози, гинеколози, но и радиолози и доктори по семејна медицина се оние кои во моментов се меѓу најбараните.

Хрватскиот туризам во годините кои доаѓаат ќе има потреба од 30.000 до 35.000 сезонци. 

Пред две години имале 2.000 странски работници, лани квотата била 6.400, а оваа година над 20.000.

Хрватите се доведоа во очајна состојба бидејќи нивните работници заминуваат во Австрија.

Сања Атанасовска

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди