Хрватите имаат нов адут: Германците и Русите воодушевени
Објавено во: Балкан 25 Февруари, 2017
Растот на резервациите на туристички патувања од Германија во Хрватска во овој момент е за 30 отсто посилен отколку лани.
Тоа го откриле водечки германски организатори на патување на состанокот со минисtерот за туризам Гари Капељ во Минхен, каде се одржува туристички саем.
Претставници на Новасола, водечка специјализирана агенција за приватно сместување истакнале како Хрватска многу силно се развива, а имиџот расте благодарение на квалитетна работа во промоција.
Оваа година Хрватска бележи 35 отсто поголем букинг , што е заслуга на поголема понуда на нови апартмани и куќи во семејно сместување, но во прилог на секој му оди и продолжување на падот на букингот за Турција и северна Африка.
Исто така истакнале како се повеќе нивни клиенти во Хрватска доаѓаат со привaтни авиони, поради што се бараат се повеќе вили.
Претставници на ТУИ за Хрватска велат дека оваа година е многу популарна дестинација не само на пазарот на Германија, туку и во Русија и Велика Британија.
Многу се оптимистични во поглед на понатамошен развој на Хрватска и веруваат дека во наредниот период на туристичкиот пазар ќе одиграат важна улога.