Хрватите добија аутлет за храна-цените пониски за 90%
Објавено во: Балкан 04 Април, 2017
Загреб добил уште една прехрамбена аутлет продавница , во која се продава храна пред истекот на рокот на употреба, поевтина и за 90 отсто, пишува хрватскиот „јутарњи весник“.
Се работи за трговија на евтина храна која трговските центри и фабрики поради разни причини не успеале да ја продадат.
Продавницата се простира на 300 квадратни метри, а на полиците се наоѓа вишок роба, оштетени производи и храна пред истекот на рокот на траење.
Во новоотворениот аутлет во понудата се повеќе месни производи, сирење, јогурт и друга „конкретна“ храна отколку што е случајот во првиот аутлет, каде наголемо се продаваат грицкалки и слатки.
Сопственици на продавницата се Маја и Марио Жамбоки кои окриле како идејата за ваков концепт на дуќан ја добиле кога виделе колку храна всушност се фрла.
„Поттикнати од позитивните искуства од првиот „фуд аутлет“ логично било отворање на многу поголем простор. Според досегашното искуство можам да кажам дека во нашите продавници доаѓаат сите генерации, од деца, млади до стари лица и што ни е најважно луѓето одовде излегуваат среќни бидејќи купуваат кошница производи за малку пари“, рекол Марко.
Сопствениците откриле дека имаат во план отворање на нови слични продавници во Загреб, но и дека ќе се шират по цела Хрватска.