ХРАНАТА ВО РЕГИОНОТ И ПОШИРОКО Е СКАПА: Дали тоа е оправдано или не?
Објавено во: Економија 24 Мај, 2025 20:10
Храната на Балканот и во цела Европа е неоправдано скапа, покажуваат анализите на Eвропската Унија(ЕУ).
Многу држави во ЕУ по бојкотирањето на маркетите направија анализи со кои докажаа дека цените на храната се зголемуваат неоправдано. Општиот заклучок е дека целиот профит завршува кај големите ланци на супер маркети, додека малите земјоделци помалку добиваат за своите производи.
Бугарската влада обезбеди околу 5 милиони евра почетен капитал определени за почеток на нов проект „Продавница за народот“. Овој проект има за цел отварање на ланец продавници кои, во најголем дел, ќе продаваат само домашни производи со маржа не поголема од 10 проценти. Целта е овие продавници да бидат отворени во посиромашни и рурални средини.
Голем дел Белгијци кои живеат во внатрешноста се повеќе пазаруваат во Франција и Германија. Истата појава ја има и на Балканот. Многу често некои производи се поевтини во соседните земји. Така многу често Словенците одат во Трст за да пазаруваат.
Француската влада пред неколку месеци одржа средба со директори на некои од најголемите ланци на маркети во Франција и Германија. Француската се сомнева дека тие имале таен состанок во мал германски град каде ја договарале маржата на производите. Но, тоа не е докажано.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?




