06 Мај, 2024
0.0239

ХРАНА, ОБЛЕКА, ОБУВКИ: Што се поскапе во октомври?

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Трошоците за живот и цените во малопродажбата во октомври годинава се зголемиле за 0,3% во однос на претходниот месец. 

Oвој податок е наведен  во соопштението на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Голем пораст на цените има во категоријата прехранбени производи, односно забележано е поскапување на оризот за 3,6%, на компирот за 3,2%, на млекото и на јогуртот за 1,9%, на сувото овошје и на јаткастите производи за 1,8%. Шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи поскапеле за 0,9%, месото за 0,8%, а другите пекарски производи и другите прехранбени производи за 0,5%.

Во октомври, има раст на индексите на трошоците на животот. Ова се забележува кај течните горива за домаќинствата за 6,2%, обувките за 4,2%, кај автомобилите за 3,9%, болничките услуги за 2,6%, гасот за домаќинствата за 2,2%, течните горива и мазива за сопствени сообраќајни средства за 2%, стоматолошките услуги за 1,7%, теписите и другите покривки за под за 1,3% и кај облеката за 0,5%.

Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 7,4%, замрзнатото овошје за 1,8%, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1 процент и кај јајцата за 0,9%.

Ако се спореди, за  период од една година, зголемувањето на трошоците за живот и на цените е многу поголемо. Индексот на трошоците за живот во октомври 2017 година, во споредба со октомври 2016 година, пораснал за 1,9%, а индексот на цените на мало бележи пораст за 4,3%. 

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години