07 Мај, 2024
0.0190

ХОРОР ВО ДОМОТ НА ПОЗНАТ ФУДБАЛЕР, ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА - напаѓачи упаднале во куќата, задавена е неговата тетка, а мајката претепана

Објавено во: Спорт 03 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

На познатиот мексикански фудбалер Родолфо Пизаро му била задавена тетката од непознати напаѓачи, откако тие упаднале во неговата куќа, а потоа ја претепале неговата мајка. 

Пизаро, кој моментално игра за грчки АЕК и кој во кариерата забележа 38 настапи за мексиканската репрезентација, кога се случи тоа не беше во својата татковина, а грозоморното злосторство ја шокираше целата планета.

Како што пренесуваат локалните медиуми, 60-годишната Елизабет Томас Гонзалес, тетка на славниот фудбалер била претепана и задавена, додека мајката Лаура Томас де Пизаро била тешко повредена. Трагедијата се случила кога мајката и вујкото на Пизаро во придружба на домашна помошничка отишле во куќата што и припаѓала на неговата тетка бидејќи таа не се јавувала на нејзиниот телефон.

Кога мајката на Родолфо влегла во куќата, затекнала страшна сцена, а напаѓачите панично ги претепале двајцата, додека куќната помошничка успеала да повика помош.

Полицијата брзо дошла на местото на настанот, како и екипа на Брзата помош која констатирала смрт на несреќната Елизабет.

Пизаро на пошироката јавност и стана познат кога го постигна првиот гол во историјата на Интер од Мајами, а по доаѓањето на Лионел Меси мораше да го напушти клубот и да се пресели во АЕК Атина.

Курир спорт

Фото: Инстаграм