ХОРОР ВО ЦЕНТАРОТ НА ЗАГРЕБ: Маж се полил со бензин и се запалил пред зградата на хрватската Влада
Објавено во: Балкан 11 Јуни, 2024
Непознат маж се полил со бензин и самозапалил утрово околу 9 часот и 40 минути пред зградата на Владата на Хрватска.
Како што пренесуваат медиумите, тоа се случило токму до оградата на јужната страна на плоштадот Марко во Загреб..
Според неофицијални информации, мажот се самозапалил и се здобил со тешки телесни повреди. Лекарите се борат за неговиот живот, а прогнозите не се добри.
Итната помош веднаш пристигнала на местото на настанот, а мажот бил жив кога започнало лекувањето на повредите.
Обезбедувањето многу брзо било известено за овој потег, а кога повторно ги свртеле погледите кон мажот да тргне кон него и да го легитимира, тој веќе бил зафатен од пожар.
На настанот дојде и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Пред зградата на Владата имаше фоторепортери кои го снимија инцидентот.
Сведокот за Јутарњи лист кажал дека видел човек како се полева со течност во непосредна близина на зградата на Владата во видно растревожена состојба.
Како што дознава Јутарњи, повредениот се наоѓа на Клиниката за трауматологија во Драшковиќева. Тој е во тешка состојба и неговиот живот е загрозен, а се спроведуваат интензивни мерки за лекување. Лекарите напладне ќе дадат официјална изјава за состојбата на жртвата.
Од Јавното обвинителство на Загреб претходно потврдија дека добиле пријава за настанот во 9 часот и 37 минути.
- Според првите информации, лицето се запалило и на местото на настанот е испратена итната помош. Во моментов се утврдуваат сите околности на настанот - соопшти кусо полицијата.
Ispred zgrade Vlade Republike Hrvatske na Markovom trgu nepoznati muškarac se polio benzinom i zapalio.https://t.co/dXuaDpg6Jp
— etto.ba (@ettoba) June 11, 2024
Фото: Принтскрин/Х
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.