Холанѓанка сакала да се фотографира и паднала од карпа висока 12 метри по што починала
Објавено во: Балкан 10 Август, 2022 20:12
Tуристка починала откако паднала од карпа, а се качила за да се фотографира.
Триесетгодишна холандска државјанка денеска попладне загинала во местото Клобук кај градот Требиње, на границата меѓу БиХ и Црна Гора, откако паднала од карпа висока 12 метри. Информацијата ја потврди портпаролот на Окружното јавно обвинителство во Требиње, Срѓан Вукановиќ.
Тој додаде дека со жртвата имало уште двајца странски државјани.
„Излегле на карпата да се фотографираат, еден од нив се лизнал и паднал од висина од 12 метри и починал на лице место“, рекол Вукановиќ.
Истрагата е во тек, а присуствува и дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство заедно со полициски службеници од полициската управа Требиње.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




