Холандскиот турист бил каснат од отровната змија додека ја разгледувал Самоиловата тврдина
Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2024 15:03
Холандскиот турист кој за малку ќе го загубеше животот поради тоа што немало серум во болницата во Охрид, бил каснат од отровната змија додека ја разгледувал Саљмоиловата тврдина, објави денеска Алсат ТВ.
Среде лето болницата во Охрид остана без серум, односно анти-отров за змии, кој се дава на пациенти каснати од змии. Поради ова турист од Холандија, кој бил на одмор во Охрид, морал итно да биде пренесен во Дибар.
Џетлумт Пашоли - директор на болницата Дибар рече дека со серум биле снабдени на почетокот на оваа година.
„Болницата распишува тендер и секој тендер има свој рок. Некои болници отвараат тендери порано, некои подоцна, некои побрзо ги трошат резервите. Се случува да има, да нема. Но, ова е само за кратко време. Секоја година имаме седум-осум граѓани каснати од змии“, изјави Пашоли.
Лекарите велат дека доколку овој лек не се даде во рок од три до четири часа, може да дојде до смрт. Директорот на охридската болница Асен Шајн не одговара на телефонските повици. Сепак, болнички извори за Алсат велат дека вакви серуми се набавени во мал број. Деновиве се потрошиле бидејќи имало повеќе каснати од змии.
Во меѓувреме се дознава дека болницата е снабдена со серум. Во Итниот број 112 на КМК се повеќе се јавуваат за присуство на змии во згради и станови. Центарот за управување со кризи апелираше до граѓаните да бидат внимателни.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




