ХИРУРГ ОД БИТОЛА ФАТЕН СО ОБЕЛЕЖАНИ ПАРИ ЗА ПОТКУП - полицијата го приведе, еве ги деталите
Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2025 13:48
Полицијата го привела М.С. (64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола поради сомневање дека примил поткуп.
- На 28.01.2025 во 17 часот во просториите на Клиничка болница Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.С.(64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола.
Тој се сомничи дека сторил кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик, односно дека по завршен хируршки зафат побарал и примил поткуп од лице од битолско - велат од МВР.
Појаснуваат дека кај него биле пронајдени и одземени парите, кои претходно биле обележани.
М.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава.
Основното јавно обвинителство Битола, пак информира, дека повело постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 3 и став 2 од Кривичниот законик.
- Сомнението произлегува од фактот дека осомничениот, на 27 јануари, како лице кое вршело работи од јавен интерес, односно како доктор – хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, извршил интервенција – операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде пари во износ од 150 евра за да се почастел за извршената работа.
Синот следниот ден во просториите на болницата, во плик му дал на осомничениот три банкноти од по 50 евра. Откако осомничениот ги примил, му бил извршен претрес и овластени службени лица од СВР Битола ги пронашле и одзеле парите - се вели во сопштението од Републичкото јавно обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.
Можеби ќе ве интересира
АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?
ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила
ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст
Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон




