14 Декември, 2025
0.0497

ХИДРАНТИ НЕМА, ЦРЕВАТА НИ ГИ КРАДАТ, ПА МОРА ДА ГИ ЧУВАМЕ ЗАКЛУЧЕНИ: Не дај боже во зграда да избие пожар, пола ден ќе се бара каде е клучот

Објавено во: Македонија 21 Март, 2025 10:22

Добивај вести на Viber

Траорниот пожар кој земјава ја доведе на ниво на национална катастрофа, а уништи еден објект, но ја зацрни цела држава, ги отвори прашањата кои се рак рана за општеството.

Откако во јавноста осамна информацијата дека клубот Пулс едвај и да имал некој пп апарат за да се гаси пожарот, а и од видео снимките можеше да се види едно момче кое се обидуваше да ги заузда пламените јазици, се отвори прашањето за хидрантите во станбените објекти ширум земјава.

Состојбата е безмалку еднаква на катастрофа. Голем број згради воопшто немаат никаква пп заштита, а оние што имаат хидранти во самите згради, принудени се да ги чуваат цревата во заеднички простории под клуч. За парадоксот да биде поголем, клучот вообичаено е кај еден човек, кој, ако не дај боже избие пожар, станарите ќе треба да го бараат за да им отклучи за да го земат цревото од хидрантот.

Велат дека мораат така, оти им ги крадат цревата.

„Се додека не се случи пожарот, не ни знаев дали воопшто имаме пп заштита. Сега кога прашав, ми беше кажано дека хидрантни приклучоци имаме, но дека цревата се чуваат заклучени во заедничката просторија во подрумот, затоа што некој постојано ги краде, па заклучувањето делувало како најдобро решение. Не ми е јасно само, ако избие пожар, а човекот што го има клучот не е во моментот дома, како ние ќе дојдеме до тој клуч“, вели Лилјана Т.

Откако изби пожарот во Кочани, локалните власти од Скопје се сетија дека треба да ја проверуваат пп заштитата, па како и по онаа народната „после свадба-тапани“ одлучија да ги активираат инспекциите за да вршат проверка.

Општина Карпош прва ја најави акцијата на Инспекторатот во рамките на која ќе биде проверено: дали во зградите постојат хидрантски мрежи – хидранти, доколку постои, дали таа е исправна, дали поседуваат хидрантски црева, дали поседуваат противпожарни апарати и да се провери нивната исправност, дали во зградата има сопственици на посебни делови – станови и деловни објекти, кои поседуваат противпожарни апарати и колку се на број и дали и колку станари знаат да ракуваат со противпожарни апарати.

И инспекторите од Кисела Вода го вклучија алармот, па тргнаа во „поход и проверка“ на пп заштитата во зградите во општината.

За пожарникарите немањето исправна пп заштита е најголемиот проблем во зградите. Велат дека додека да го добијат повикот за пожар, па додека да пристигнат се потребни минимум петнаесетина минути, кои во случај на пожар кога секунди се бројат и исто толку малку време е доволно за пожарот да се префрли и на соседните станови.
– Затоа е важна исправноста на хидрантите. Човечкиот фактор, со непочитување на превентивните мерки што се строго пропишани со закон, лошото одржување на системите за откривање пожари, дојава и гаснење, нередовниот инспекциски надзор врз спроведените мерки, како и неспроведувањето казнени мерки пропишани со закон, се најчестите причини за избивањето, но и за неуспешното превенирање на пожарите во станбените објекти – нагласува пожарникарот Т.К.
Тој истакнува дека доколку при пожар функционира хидрантскиот приклучок, малку поприсебен станар ќе успее да го локализира секој почетен пожар. 

Исто е и со противпожарните скали. Ретко која новоизградена зграда ги има, а таму каде што ги има, тие се пренатрупани со секакви предмети, па и да треба да се користат, невозможно е.

При контрола на станбените објекти од страна на ПП сојуз на Град Скопје, во 2022 година, констатирано беше дека во 98 проценти од случаите кога тие вршеле проверка, немало хидранти или тие биле оштетени, а не работат ниту т.н. панични светла. Противпожарните скали во зградите над 22 метри делумно се во функција, но дел се затворени или узурпирани со покуќнина.

Д.Т.

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина