18 Јули, 2024
0.0247

ХЕРОЈСКИ ПОТЕГ НА МАКЕДОНЕЦ НА ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ: спасил давеник од Франција

Објавено во: Балкан 21 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Македонецот Милош од Скопје, благодарение на брзата реакција успеа да спаси давеник од водите во Грција. 

Како што објави „Вечер“, во текот на вчерашниот дена во Грција, нашиот државјанин спаси французин кој се давел во морето на една од плажите на острвот Крф. 

Станувало збор за повозрасен граѓанин, отприлика 80 годишен кој штом влегол во морето, по кратко време почнал да се дави, но за среќа го забележа скопјанецот Милош, кој со семејството се наоѓаше на плажата.

- Со син ми и сопругата одмаравме на плажа. Имаше и други туристи, претежно Англичани. Во еден момент моето 9 годишно синче почна да вика дека некој дедо се дави во морето. Не размислував ниту момент. Скокнав во морето и допливав до човекот кој веќе беше полусвесен. 

Го фатив силно под пазувите и пливав со него до обалата. Беше омалаксан, тежок и не зборуваше ништо. Успеав да го довлечам до обала, го легнав на плажата , а тој не мрдаше воопшто, вели за весникот Вечер, 33 годишниот Милош од Скопје кој со семејството е на одмор на острвот Крф.

Милош во разговорот истакнал дека дедото бил на плажа сам со сопругата која веднаш притрчала видно исплашена и немоќно гледала што се случува.

- Јас и мојата сопруга му укажавме прва помош, се освести, а во меѓувреме неговата сопруга се јави на некого на телефон, дојде едно возило и го однесоа. Жената не знаеше англиски и само ни викаше “ мерси, мерси…” вели Милош и додава дека го зачудил односот на другите луѓе на плажата кои со прст не мрднале „а човек пред очи ќе им се удавеше. Но, се е добро, кога добро ќе се заврши“, вели скопјанецот Милош.

Можеби ќе ве интересира

МEДУЗИТЕ ГО ПРЕПЛАВИЈА ЦЕЛ ЈАДРАН, ТУКА СЕ И НАЈОТРОВНИТЕ: „Ако ве допрат, може трајно да останат лузни на кожата“

МEДУЗИТЕ ГО ПРЕПЛАВИЈА ЦЕЛ ЈАДРАН, ТУКА СЕ И НАЈОТРОВНИТЕ: „Ако ве допрат, може трајно да останат лузни на кожата“

ДЕСЕТ ВОЗИЛА И 22 ПОЖАРНИКАРИ ГО ГАСАТ ПОЖАРОТ НА ЕВЗОНИ: Границата е затворена

ДЕСЕТ ВОЗИЛА И 22 ПОЖАРНИКАРИ ГО ГАСАТ ПОЖАРОТ НА ЕВЗОНИ: Границата е затворена

„ПОЖАР НА ГРЧКА ГРАНИЦА“: Деталите се споделуваат во групата „Грција инфо“

„ПОЖАР НА ГРЧКА ГРАНИЦА“: Деталите се споделуваат во групата „Грција инфо“

НОВИ ПРАВИЛА НА ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ: Ригорозни казни и до 200.000 евра, а непослушните локални жители ги „ловат“ со дронови

НОВИ ПРАВИЛА НА ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ: Ригорозни казни и до 200.000 евра, а непослушните локални жители ги „ловат“ со дронови

Во Србија снимено страшно торнадо! Погледнете го морничавото видео кое се шири на социјалните мрежи!

Во Србија снимено страшно торнадо! Погледнете го морничавото видео кое се шири на социјалните мрежи!

„ЧОВЕКОТ НЕ ИЗЛЕГУВАШЕ НАДВОР“, ВЕЛАТ СОСЕДИТЕ, ИМАЛО И НЕПОДНОСЛИВА СМРДЕА - најнови детали од ужасот во Нови Сад

„ЧОВЕКОТ НЕ ИЗЛЕГУВАШЕ НАДВОР“, ВЕЛАТ СОСЕДИТЕ, ИМАЛО И НЕПОДНОСЛИВА СМРДЕА - најнови детали од ужасот во Нови Сад

ХОРОР ВО НОВИ САД - питбултериер го убил својот сопственик, синот не можел да влезе во станот и повикал полиција и брза помош

ХОРОР ВО НОВИ САД - питбултериер го убил својот сопственик, синот не можел да влезе во станот и повикал полиција и брза помош

Двајца Турци загинаа откако стапнале во уличен вир со струја

Двајца Турци загинаа откако стапнале во уличен вир со струја

Гарапетритис по НАТО самитот: Власта во Северна Македонија систематски го крши Преспанскиот договор

Гарапетритис по НАТО самитот: Власта во Северна Македонија систематски го крши Преспанскиот договор