05 Мај, 2024
0.0239

Херметичкото царство на Ким Јонг Ун и татко му!

Објавено во: Анализа 11 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Без никаква дилема Северна Кореја е намистичното место во светот. Оваа земја буквално хермитички затворена од нивните лидери повеќе од половина век. Холивид масовно ги ескплоатира како зло од кое се плаши целиот свет, па така во недостиг на непријатели Северна Кореја имаше главно место во новиот трилер Падот на Олимпус, во кој се зборува за киднапирањето на американскиот претседател од страна на северно корејски терористи. Игра со нервите на Американците Најјако оружје на оваа крајно осиромашена земја е нуклеарното оружје, кое сега е во рацете на 30 годишен владател кој има учено во Швајцарија и кој решава да си игра со нервите на Американците, како што тоа со години го правеле неговиот дедо и татко. Ким јонг Ун е последниот од династијата која ја владее оваа земја на Северот на корејскиот полуостров. Жителите на Северна Кореја, благодарение на гладот се неприродни ниски и со текот на времето им станало нормално да бидат ненајадени. Гледаат една телевизиска програма која трае најмногу до пет часа и во која генерално има приказни за нејзините лидери, хумористична серија и филм веројатно од продукцијата на покојниот драг лидер Ким Јонг Ил, кој патем речено бил голем љубител на филмовите и коњакот. Значи, жителите на Северна Кореја сигурно не се на врвот на гледачи на телевизија во светот, затоа што нема ни што да гледаат и да сакаат. Кутијата која ечи Но, затоа многу слушаат радио...и ако не сакаат. Тие што во минатот ја посетиле Русија знаат дека во ѕидовите на становите имало закачени кутии од кои се слушаат вести или музика. Е па, во Северна Кореја е уште така. На ѕидот има еден звучник од кој во текот на целиот ден врти пропаганда за партијата и за нејзиниот лидер.  Дозволено е звукот да се намали, но радиото не смее да се исклучи..никогаш. Ако е за утеха во Северна Кореја често нема струја и тогаш има одмор од прогадандата. Шегата на страна, Северна Кореја веројатно не е баш убаво место за живеење. Страшно делуваат сликите кои Наса ги објави на светот каде се гледа колку е темен северниот дел од полуостровот. Апсурдот да биде поголем оваа земја граничи со Јужна Кореја, државата која денеска е отелотворение за економски развој. Копчето со бројот 5 Одиме понатаму. Во Северна Кореја, посебно во нејзиниот главен град Пјонгјанг има многу згради. Делуваат зачудувачки моќно за така сиромашна земја. Но, голем дел од тие згради се тотално празни. Најголемиот хотел во земјата во кој престојуваат малубројните туристи е празен освен катот на кој има турусти. Сите кои биле таму велат дека на лифтот го нема копчето со бројот 5. Ова со години беше мистерија и се мисли дека таму престојува персоналот кој има задача да ги шпиунира гостите на кои однапред им е кажано дека ќе бидат постојано снимани. Во земјата во која гладот е секојдневие скоро престојуваше планетарната НБА ѕвезда Денис Родман, која режимот го искористи да покаже дека тие се привлечно место и за луѓето од омразениот запад (додуша нејасно е колку од луѓето слушнале за НБА лигата). Заедно со тројца играчи на Харлемглобтротерс беше организиран комбиниран кошаркарски натпревар. Врховниот лидер, пати од висок холестерол додека луѓето се среќни доколку го добијат месечното следување од една кокошка и пет јајца по човек. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад