Хемикалијата од Охис ќе биде собрана и безбедно складирана
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2019
Хемикалијата која се изли во Охис ќе биде собрана и безбeдно складирана, вели државниот инспектор за животна средина, Пејо Кировски.
Тој објаснува дека се работи за вентили кои се стари и по 30 години и затоа хемикалијата протекла од цистерната, но вели дека не е контаминирана почвата и дека не би требало да има последици по здравјето на луѓето.
„Кога стигнавме имаше миризба како на лепило и смола, но хемикалијата до вечер ќе биде собрана и утре јас пак ќе поминам за да проверам дали е во ред“, вели Кировски.
За тоа дали би следело некаква казна, вели дека ќе треба да се направат анализи, и да се види кој ќе биде исходот.