02 Мај, 2024
0.0407

Хеленик Петролеум и Македонија побараа дозвола за работа на нафтоводот Скопје - Солун по 13 години

Објавено во: Економија 06 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Вардакс, претпријатието кое стопанисува со нафтоводот Скопје - Солун, до Регулаторна комисија за енергетика поднесe барање за добивање лиценца зa повторно да проработи. Во ова претпријатие сопственик од 20 отсто е државата преку претпријатието „Нафтовод“, а поголемиот удел од 80 проценти го има групацијата Хеленик Петролеум.

Директорот на Нафтовод, Есад Рахиќ, за „Фактор“ вели дека нафтоводот има потенцијал годишно да испорачува милион тони дизел за Македонија и Косово и тоа би значело голема сума за државата од наплатата на транспортот.

- Можам да објавам дека конечно е тргната работата во вистински правец. Се работи за стратешки проект кој не смееше да биде изоставен. Не знам ни самиот зошто досега се чекаше за ваква работа. Освен финансискиот бенефит, земјата ќе добие поевтина и поквалитетна нафта. Сепак ова е сamо почеток, треба да се донесат и изменат уште неколку законски и подзаконски акти за старт на работата, ни изјави Рахиќ.

Директорот вели дека процедурите продолжуваат и понатаму, но важно е дека во меѓувреме се зголемила свеста за овој проект. Во иднина нафтоводот ќе го промени своето име и ќе се вика продуктовод. Барањето до РКЕ е поднесено на 23 ноември.

„За вршење на енергетската дејност ќе се користи Продуктоводот Солун-Скопје со должина од 213,5 км, номинален дијаметар на продуктоводот од 16 инчи и со носивост за транспорт од 2,5 милиони тони годишно на дизел од ХЕЛПЕ.ПЕ.-ТИК (Хеленик Петролеум, Индустриски КомплексСолун) терминалот до терминалот на ОКТА АД Скопје. Временскиот период за кој се бара издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност транспорт на нафтени деривати преку продуктовод е 35 години“, гласи соооштението на Регулаторната комисија за енергетика.

Упатени извори за „Фактор“ велат дека со повторното функционирање на нафтоводот ќе се неутрализира можноста за фиктивен влез на нафта од трговците и точно ќе се знае увезената количина. Ќе се елиминираат и факторите на застој и блокади на границите, можната нефункционалност на железницата и оштетувањето на патиштата. Во моментов има и крак чија изградба е стигната до скопско Арачиново што треба да продолжи кон Косово. Неодамна и Србија најави дека ќе гради нафтовод до границата со Македонија. Цената на транспорот од страна на „Вардакс“ допрва ќе се утврдува од страна на претставници на Министерството за економија и Хеленик Петролеум. Што се однесува до неговата состојба, велат дека е добро заштитен и неговата сигурност ќе се испитува детално.

„Вардакс С.А., нашата подружница, која што е сопственик на нафтоводот, е подготвена веднаш да започне со работа со цел нафтоводот повторно да биде во употреба за транспорт на нафтени производи до Скопје. Сакаме да нагласиме дека нафтоводот е лиценциран за работа за транспорт на сурова нафта и нафтени производи“, гласеше првото соопштение на Хеленик Петролеум по доаѓањето на новата власт во 2017.

Прашањето за повторно отворање на нафтоводот Солун-Скопје се разговараше на трипартитната средба меѓу Грција, Македонија и САД за време на посетата на тогашниот американски државен секретар Мајк Помпео во 2020.

Како што е познато, нафтоводот е затворен од 2013 година кога од страна на Хеленик Петролеум оценија дека неговото работење е непрофитабилно. Во исто време, „Хеленик петролеум“ поднесе барање против Скопје за исплата на надоместок, поради непочитување на клаузулата за откуп на енермно пропишани количини на гориво од грчката компанија во периодот 2008-2011 година.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија